Во рамките на своите партиски активности како дел од предизборната кампања на коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Оливер Спасовски, носител на ИЕ 2 на младинска средба проговори за стручниот кадар и потребата од постојано надоградување, како и зголемените плати, тренд кој, вели Спасовски, ќе продолжи и понатаму.
Ако немате некаква техничка опрема, ќе распишете тендер во институцијата и ќе купите опрема. Меѓутоа ако немате стручен кадар, ако немат лекари специјалисти, ако немате медицински сестри, ако немате полицајци, ако немате војници, нема кај да ги купите.
Тие не се купуваат, тие се создаваат низ процес на обуки, специјализации, на стручно надоградување.
Затоа ги зголемивме платите во здравството, ги зголемивме платите во сферата на социјалата, во образованието, во Полицијата, во Армијата, насекаде кадешто тоа беше потребно и тој тренд ќе го продолжиме понатаму, напиша Спасовски во пост на Фејсбук.
А. Н. С.