ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Царовска: Го стабилизравме пензискиот систем и обезбедивме повисоки пензии

Во наредниот период, потенцира Царовска, МТСП со партнерите како Светска банка, планира системско развивање на услугите како помош и нега во домот. Обезбедивме, рече Шкријељ, над 10 милиони евра и во тек е развојот на проектни апликации со општините за да се озбебеди кавалитетн и достоинствен живот за сите наши сограѓани особено за највозрасните.

June 30, 2020 11:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Успеавме да поместиме три парчиња од мозаикот кои се однесуваат на подобрување и на животниот стандард на пензионерите, развој на посебни услуги кои ќе ги поддржуваат, но и да го стабилизраме пензискиот систем кој е значаен и за сегашните и за идните пензионери. Покрај тоа, успеавме и да ја покачиме просечната пензија, рече вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска по средбата со здуженијата на пензионери.

Таа потенцира дека Владата работела две години на тоа да заштеди 3,7 милијарди денари во Пензискиот фонд, со што, како што рече, обезбедила стабилни пензии и за сегашните пензионери, но и стабилен Пензиски фонд за идните генерации.

– Во периодот на стабилизација на Пензискиот фонд, ние постојано ги зголемуваме пензиите. За време на реформите ја зголемивме просечната пензија за 824 денари, додека во 2020 година поради економскиот раст и растот на платите, и минималната и просечната, добивме дополнителни 722 денари за секој за 324 илјади пензионери. Преку програмите на МТСП и со поддршка на Светската банка обезбедивме и дополнителни финаниски средства општините, заедно со здуженија на граѓани на локално ниво да обезбедуваат услуги за поддршка во домот, рече Царовска која со претставници на МТСП, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници на здружението „Хуманост“, оствари средба со членови на Сојузот на здруженијата на пензионери.

Таа напомена дека оваа власт обезбедила и социјална пензија, за лица кои не испонуваат услови по ниту еден основ. Со тоа, рече Царовска, обезбедивме социјална сигурност за 6.611 лица над 65 години. Според неа, со претставниците на пензионерите се согласиле дека во наредниот период треба да биде зголемена и минималната пензија.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека еден од поважните сегменти на социјалната реформа е и развојот на социјалните услуги на локално ниво.

– Оваа здравствено економска криза го покажа тоа дека на општинско ниво е потребно развој и испорака на услуги кон најранливите вклучително и возрасните лица. МТСП измзинатиот период успеа да се прилагоди брзо на кризата и во 27 општини во соработка со граѓански здруженија да испорача услуги и сервиси за најранливите категории, односно за 1.500 корисници, рече Шкриељ.

Во наредниот период, потенцира Царовска, МТСП со партнерите како Светска банка, планира системско развивање на услугите како помош и нега во домот. Обезбедивме, рече Шкриељ, над 10 милиони евра и во тек е развојот на проектни апликации со општините за да се озбебеди кавалитетн и достоинствен живот за сите наши сограѓани особено за највозрасните.

Од здружението Хуманост, кое како што посочуваат 22 години развива ваков тип услуги, велат дека тие се од исклучителна важност  за ранливите категории, особено за повозрасните.

Креирањето на сервиси, според нив, треба да биде по мерка на граѓаните. Сите локални самоуправи, како што посочуваат, треба да ги воочат потребите на своите жители и согласно тоа да ги креираат сербисите за поддршка.

Градоначалникот на Центар, Богдановиќ по средбата истакна дека како општина во изминатите неколку години покажале дека знаат како да издвојат свои средства и да им помогне на граѓаните  на кои тоа им е потребно преку социјални сервиси. Покажавме, рече Богдановиќ, дека можеме да им бидеме подршка за граѓаните кои се во поодминати години.

Next Post

Реториката на проф. Силјановска-Давкова, непотребна итрина во празната и црна кампања на ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 5 јуни 2026: Колективна визија и оригинални решенија

June 4, 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk