ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Димитров: Како граѓанин сум навреден што луѓе од овој сој трчаат за сериозни политички функции

Зарем политичкото милје ќе го сведеме на тест за тоа кој има повисок праг на толеранција и почелични нерви!? - вели Димитров.

July 1, 2020 16:50
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Безобразниот упад на портпаролот на Здружението на мојата вчерашна прес – конференција веднаш го разбрав како обид за дефокус од клучните теми – правда и казнивост, напиша Димитров на почетокот на своето обраќање како реакција на вчерашниот упад на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за време на прес конференција на министерот.

Ако беа подготвени да измачкаат раце со крв и да нападнат институции само за да не одговараат, се разбира дека се подготвени да прават кловнови од себе.

Но, ако убаво размислиме зад овој врвен примитивизам се кријат и многу други опасни пораки и за граѓаните и за земјата.

Ваквото поимање и практикување на политиката, кога битката се гледа низ личен судир и девалвација, кога идејата водилка е провокација на противникот, кога главното остварување е заедничко валкање во калта, во општества со олку силна поларизација може да биде исклучително опасно.

Вчера многу пријатели ми велат – само јас сум имал нерви да останам смирен на тоа безобразие.
Но, токму тоа ме загрижи.

Зарем политичкото милје ќе го сведеме на тест за тоа кој има повисок праг на толеранција и почелични нерви!?

Не зборувам тука само за тоа што на овој начин кампањата станува шунд и евтин театар на сметка на суштински обраќања до гласачите, туку на опасната порака што се праќа до поддржувачите од сите бои – дека ова „ниво”, што реално може да продуцира политичко насилство, не само што е дозволено туку е и поттикнато директно од партиски функционери.

Оваа бесрамна согласност за бербатење на сопствениот политички образ само за да се фрли некоја валканица на лицето на противникот, го открива вистинскиот нивен лик – на насилство, примитивизам и регрес, на слугување, на себепонижување и копање во дното.

Мене ми е срам, јас како граѓанин сум навреден, што луѓе од овој сој, коишто во секое општество во 21 век се на екстремистичките политички маргини, кај нас денеска се во позиција да трчаат за сериозни политички функции.

Затоа, ова не смееме да го дозволиме и да се залажеме да помислиме ова да го сведеме на обичен театар и на „пуштете ги, тоа им е нивото”.

Одговорот треба и ќе го добијат на 15 јули во форма на масовна излезност и гласови за конечно да ставиме точка на оваа политичка беда, стои во текстот на профилот на министерот Димитров.

А. Н. С. 

Next Post

Денес нови 120 случаи на коронавирус и 123 оздравени

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk