ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира и го погазува нивниот труд

За овие три години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, вели Заев.

July 1, 2020 17:20
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Грижата за земјоделците продолжува уште повеќе, обезбедуваме 200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој, истакна претседателот на СДСМ, Заев на денешната средба со граѓани и земјоделци во Кривогаштани, Могила и Ивањевци.

Претседателот Заев потенцираше дека изминатите три години се зголемија субвенциите, чија исплата се одвива редовно, навремено и неселективно со што се покажува на дело вистинската грижа за земјоделците и земјоделството.

За овие три години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра. Ја воведовме зелената нафта, 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци и поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 евра на 20.000 евра. Вие кои сте тутунари, многу добро знаете дека ги зголемивме субвенциите за тутун дека има три категории субвенции, од 60,70 и 80 денари по килограм тутун во зависност од неговата класа, рече пред присутните претседателот Заев уверувајќи дека грижата за земјоделците, за младите земјоделци и жените земјоделки продолжува уште повеќе во следните четири години.

Годишната финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој ја димензионираме на 200 милиони евра. До 2024 година обезбедуваме целосно бесплатна 100% субвенционирана „зелена“ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок. Тоа за вас значи повеќе пари, значи намалени трошоци, значи слободни средства кои ви стојат на располагање, средства кои можете да ги инвестирате во поквалитетно производство, подвлече Заев и додаде дека СДСМ покажува вистинска грижа за земјоделците, го цени и вреднува нивниот труд, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира земјоделците.

Александар Николоски не може да биде народен претставник на граѓаните од изборната единица 4, зашто никогаш не живеел ниту работел тука. Александар Николовски во Кривогаштани прв пат доаѓал со навигација бидејќи не знаел ни каде се наоѓа, а не пак да зборува за земјоделство.

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го уништуваше земјоделството, субвенциите ги исплаќаше селективно и пред избори, даваше државно земјиште на лажни земјоделци и партиски членови и функционери и го погази вашето достоинството, вашиот труд.

И денес ги гледаме и како опозиција шири лажни вести и се обидува да ве манипулира со земјоделците. Знаеме дека тоа нема да го дозволите, знаеме дека на 15 јули и земјоделците и мнозинството граѓани ќе застанат за нашата понуда, ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите буџети и нема да дозволат обнова на режимот, заокружи претседателот на СДСМ, Заев.

Next Post

Сугарески: Инвестиравме над 70 милиони евра за патишта во Прилепско

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk