Во вечерашната дебатна емисија Клик во ТВ 21, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, рече дека ако дојдат на власт ќе го ревидираат Преспанскиот договор, а истовремено ќе добијат и датум за преговори со ЕУ.
На ова реагираше Мила Царовска од СДСМ, која напомена дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторни и мегаломани во иста реченица. Таа потсети дека ВМРО-ДПМНЕ имаше 13 години време, но не успеа да ги постигне евро-интегративните успеси кои ги постигна СДСМ за само 3 години.
„Вели ние ќе го ревидираме Преспанскиот договор, а во иста речиница рече да ние ќе работиме да имаме датум. Контрадикторни во една реченица. Преспанскиот договор го отвори патот за интеграции и почнување преговори. Имаа можност и да добијат датум за преговори, и во НАТО да влеземе како што тврдат со оваа демагогоија, но не постигнаа ништо. Ние за три години успеавме да се зачлениме во НАТО и да го отвориме патот за ЕУ”, рече Царовска.
А.Зеќири