ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европарламентот бара првата Меѓувладина конференција да се одржи до крајот на 2020

July 2, 2020 19:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук го поздрави изготвувањето на нацрт преговарачката рамка од страна на Европската Комисија и ги повика земјите членки да ја одржат првата Меѓувладина конференција до крајот на оваа година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија вчера ги предаде предлог рамките до земјите членки на ЕУ, кои треба во наредните месеци да ја усвојат на министерско ниво. Според нацрт агендата на германското претседателство тоа би се случило на 10 ноември.

На повикот на Ќучук се придружи и известувачката за Албанија, Исабел Сантос.

-Го поздравуваме овој нов клучен чекор во процесот на проширување – презентирањето на преговарачките рамки, кои, откако ќе се финализираат, ќе ги водат пристапните преговори за Албанија и Северна Македонија. Ги повикуваме земјите членки да ги усвојат текстовите на рамките без одлагање, за да се овозможи одржување на првата Меѓувладина конференција со секоја од земјите до крајот на оваа година, повикаа известувачите.

Првата Меѓувладина конференција го означува отворањето на првиот кластер на поглавја, посветени на владеењето на правото и правдата.

Ќучук и Сантос истакнуваат дека одржување на првата Меѓувладина конференција без одлагање ќе значи јасно признавање од страна на ЕУ за испорачувањето на реформите во двете земји и ќе ги поттикне целосно да му се посветат на преточувањето на целото ЕУ законодавство во националните законски рамки.

-Се надеваме дека владите во Албанија и Северна Македонија ќе изградат широк национален консензус за усвојувањето на сите потребни патокази и мерки, порачаа известувачите и ја повикаа Европската Комисија да продолжи да им ја пружа потребната поддршка на двете земји во овој поглед.

Северна Македонија треба да изготви патокази за исполнувањето на клучните реформи во делот на владеењето на правото и јавната администрација во наредните месеци, стои во преговарачката рамка. Германското претседателство во повеќе наврати истакна дека амбицијата на Берлин е да ја одржи првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на оваа година, потврдувајќи дека проширувањето ќе остане на врвот на приоритетите на ЕУ во наредните шест месеци.

Исполнувањето на реформите и посветеноста кон градење добрососедски односи и решавање на сите преостанати несогласувања со Бугарија и Грција остануваат клучни услови и во наредниот период, нивното непочитување може да доведе до стопирање на целиот процес, имајќи предвид дека Софија и Атина располагаат со право на вето исто како и секоја друга земја членка на ЕУ. Дипломатите во Брисел запознаени со процесот на проширување повикуваат да се продолжи да се разговара во европски и конструктивен дух со сите соседи за да не се одразат евентуалните билатерални тензии врз процесот на пристапување во Унијата.

Next Post

Шекеринска од Крушево: Нашиот здравствен систем е спремен за вториот бран на коронавирусот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk