Имаме информации дека од фабриката Дрекслермајер побарале од Николовски да се извини за пласираните невистини.
Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николоски на партиски собир во Криволак пред присутните поддржувачи на партијата рече дека „СДСМ ги затвора фабриките. Сега ја затвора и „Дрекслмајер“.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за КТВ рече дека фабриката не само што не се затвора, туку веќе од август се враќа на работа во полн капацитет. Тој појасни дека Дрекслермајер е сериозна компанија на национално ниво.
Јанчев апелира до политичките партии да не ги мешаат компаниите во предизборната кампања.
А. Н. С.