ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Простото споредување бројки за Ковид-19 не ја дава вистинската слика за состојбата

July 3, 2020 15:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Простото споредување само на бројките не е показател на состојбата, туку битно е да се знае на што се должи зголемениот број новодијагностицирани лица со Ковид-19. Системот што го спроведуваме на широко тестирање и идентификување на сите, па и асимптоматските пациенти, сметам дека е одличен. Секаков друг, поинаков пристап, може да доведе одеднаш да бидат пренатрупани болниците, а токму тоа сакаме да го избегнеме. Затоа споредувањето на простите бројки на регионално ниво нема смисла, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска работно ги посети Општата болница во Охрид и Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“.

Како што појасни Филипче, практиката во земјата е да се врши широко тестирање, не само на лицата со симптоми, туку и нивните контакти, со што се овозможува навремена изолација и предвидување на притисокот врз здравствениот систем, сето тоа заради ограниченоста на болничките капацитети.

– Огромен процент од новодијагностицираните се асимптоматски или со лесна слика, но со тестирањето можеме да предвидиме што ќе се случи како притисок врз болничките капацитети, како врз болниците, така и врз кадарот. Сметам дека системот на широко тестирање е одличен, секако друг пристап може да значи дека во еден миг болниците ќе бидат затрупани со пациенти, а тоа сакаме да го избегнеме, рече Филипче.

Притоа посочи дека пандемијата на коронавирусот во светот не спласнува, секаде каде се попуштаат рестриктивните мерки има нови заразени. Има податоци и на зголемен број заразени и во околните земји, за што било дискутирано изутринава во Комисијата за заразни болести, а биле остварени и комуникации со здравствените власти во сите околни земји, со цел да се согледа вистинската епидемиолошка слика во регионот.

Што се однесува на одредени забелешки за политичка заднина при донесувањето одредени одлуки од страна на Комисијата за заразни болести, министерот категоричен дека ниту една одлука, решение, препорака на Комисијата од почетокот на кризата со коронавирусот не била со политичка цел. Напротив, како што истакна, „одлуките беа носени врз основа на медицински, епидемиолошки показатели, параметри и податоци што ги анализиравме“. Во таа насока се спроведува и сегашната анализа за согледување на актуелната состојбата со епидемијата во регионот.

Министерот имаше средба со медицинскиот персонал на Општата болница во Охрид, посочувајќи дека болницата е еден од регионалните центри каде уште од самиот почеток на кризата беше определен дел лекари специјалисти, експерти, капацитети за третман на пациенти со Ковид-19. Тој ја поздрави подготвеноста на охридскиот медицински кадар за брза реакција и нивното ефикасно приспособување на новонастанатите околности.

Филипче потсети дека во изминатите две години се примени во работен однос голем број лица во болниците во Охрид, дел од нив лекари пратени на специјализација.

– Со тоа покажавме дека водиме сметка за јавното здравство, пред сè, за можеби најважниот сегмент на здравствениот систем, а тоа се луѓето – лекарите, медицинските сестри и целокупниот помошно-технички персонал. Тоа е столбот на здравствениот систем, истакна Филипче.

Во Општата болница во Охрид во моментов има 25 пациенти позитивни на Ковид-19, шестмина од нив се на кислородна поддршка. Директорот на установата Горан Балевски рече дека сите пациенти досега се прифатени, соодветно третирани, со проценка дека добро се справуваат со ситуацијата.

– Состојбата засега е стабилна, ситуацијата е непредвидлива, но како установа стоиме на располагање со сите капацитети за прием и третман на болни, рече Балевски. Во врска забелешките дека се одбивал прием на пацинети од струшкиот регион, Балевски рече дека сите процедури се спроведуваат во меѓусебна координација на центрите.

Како што појасни, за два месеца на Инфективното одделние на болницата во Охрид се отворени 146 болнички истории, од кои 90 отсто на пациенти токму од струшкиот регион.

Next Post

АВРМ: исплатени околу 65 милиони денари за 6.933 невработени лица

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk