ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД со нов дневен рекорд од 55.274 новозаразени, се носат строги мерки и се казнува неносење маски

Флорида стана жариште откако во изминатите недели бројот на инфекции се зголемуваше постојано. Државниот оддел за здравство синоќа објави нов рекорд од над 10.000 новозаболени за едно деноноќие.

July 3, 2020 17:23
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД постигнаа нов 24 часовен рекорд на заболени од Ковид-19 – во изминатото деноноќие беа регистрирани над 55.274 инфекции, повеќе од претходниот ден кога беа забележани 54.771, јави Ен-пи-ар.

Земјата се подготвува за утрешното славење на Денот на независноста, но властите и здравствените работници се на штрек поради она што некои експерти го нарекуваат втор бран на пандемија која се шири најмногу во јужниот дел на САД.

На брифингот синоќа, д-р Ентони Фаучи, главниот инфектолог на САД, изјави дека доколку нема стриктно запазување на мерките за носење маски и физичка дистанца, можно е дневниот пораст на новозаболени да достигне и 100,000 сличаи.

Порастот на инфекциите принуди голем број на сојузни држави да преземат мерки за намалување на ширењето на вирусот.

Флорида стана жариште откако во изминатите недели бројот на инфекции се зголемуваше постојано. Државниот оддел за здравство синоќа објави нов рекорд од над 10.000 новозаболени за едно деноноќие. Епидемијата лесно се прошири откако државата дозволи отварање на бизнисите во мај, и не воведе режим за носење маски и физичка дистанца.

Тексас е уште едно жариште на епидемијата. Гувернерот Грег Абот вчера издаде наредба за обврзно носење маски во окрузите каде има барем 20 регистрирани случаи на коронавирус. Бројот на новопримени во болниците се зголемува, а во државата во изминатот деноноќие биле регистрирани речиси 8.000 нови случаи.

Во Канзас, минатата недела бројот на новозаболени се зголемил за 46 проценти, исто така и таму е издадена наредба за обврзно носење маски (со некои исклучоци) и држање физичка дистанца од шест фита (околу два метри).

Арканзас на почетокот на мај најпрва ги отвори бизнисите, државата сега се соочува со бран од нови заболувања кој дојде во јуни. Болничките капацитети со полни со сериозно болни пациенти, додека здравствените работници повикуваат на носење маски и држање физичка дистанца.

Во Аризона пак, речиси еден од четири тестови за короновирус излегува позитивен. Во Калифорнија, уште еден епицентар на коронавирусот, во изминативе две недели позитивните тестови се покачија за 37 отсто, додека хоспитализациите се зголемени за 56 отсто.

Полицијата во Лос Анџелес денеска најавија дека започнува со казнување на лицата кои ќе бидат фатени без маски во јавните места. Казната е во висина од 300 долари./МИА/ 

Next Post

Филипче: Платите на докторите специјалисти во „Св. Еразмо“ зголемени за 27 илјади денари

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk