Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во пост на Фејсбук објави за уште една инвестиција која е од големо значење за истокот на државата, мостот на реката Вардар кај местото Удово. Како што пишува Заев, мостот по реконструкцијата е побезбеден и овозможува побрз сообраќај. Реконструкцијата дел од зафатот за подобрување на патната инфраструктура во сите региони, со кој се обновени над 1.500 километри патишта.
Конечно е реконструиран и обновен мостот на реката Вардар, кај населеното место Удово. Тој е многу значајна точка во поврзувањето на југоисточниот дел со остатокот од државата. Мостот сега е побезбеден, пофункционален и обезбедува побрз сообраќај.
Додека СДСМ е посветена на обнова на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот. Додека СДСМ гради и обновува мостови на соработка и поврзување, ВМРО-ДПМНЕ гради ѕидови на поделби и изолација, напиша Заев во пост на Фејсбук.







