ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски: Новата брза развојна економија што ја најавуваме е поставена на реални основи

Најавуваме грантови до 15.000 евра за млади и за жени, за отворање сопствени фирми.

July 5, 2020 12:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бараме мандат за брза развојна економија којашто носи стабилен економски раст, повисоки плати и шанси за сите граѓани,рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител на листата во ИЕ 2. Најавуваме просечна плата до 34.000 денари (над 550 евра) и минимална плата до 20.000 денари (над 320 евра), во следните четири години. Најавуваме раст на пензиите согласно растот на платите и покачување на најниската пензија за најмалку 21 процент.

Најавуваме грантови до 15.000 евра за млади и за жени, за отворање сопствени фирми.

Најавуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства.

Нашиот концепт за брза развојна економија е поставен на реални основи, затоа што е продолжение на евро-атлантските перспективи што се основа на неговата реализација.

Станавме членка на НАТО. Добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

И тоа даде резултат од 624 милиони евра странски инвестиции, најмногу во Југоисточна Европа, со што ја завршивме 2019 година, а денес се веќе над 660 милиони евра.

Нашата држава е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме. И ако на стартот на интеграциите имаме 660 милиони евра странски директни инвестиции можеме и повеќе.

Затоа со право најавуваме една милијара евра странски инвестиции до крајот на мандатот. И со право најавуваме поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови.

Така ќе има и нови вработувања, и повисоки плати и пензии, и поголема поддршка на младите и социјалата и други видови поддршка: детски додаток за 65.000 деца, изградба на 777 социјални станови низ целата држава, бесплатна “зелена“ нафта за сите земјоделци.

Ќе ја намалуваме невработеноста за 3% годишно и ќе постигнеме едноцифрена стапка невработеност до крајот на мандатот.

Режимот на Груевски пресликан во Мицкоски и нивните кандидати на листи, нема одговор за ниту едно важно прашање: како ќе ги задржат евроатлатските перспективи кога повторно меѓународно ќе ја изолираат државата, ќе ја караат со соседите, ќе ја делат дома. И затоа не сфаќајте сериозно ниту едно нивно ветување за економијата бидејки зборуваат напамет и лажат.

Нивната цел е обнова на режимот и затоа ВМРО-ДПМНЕ е закана и опасност.

СДСМ и коалицијата Можеме водат по правиот пат кон сигурна иднина и брза развојна економија, што значи патриотизам на дело. Следуваат многу важни избори, масовно да излеземе и да заокружиме 3 – за сигурна иднина, економска, европска, просперитетна Македонија, рече Спасовски.

Next Post

Шекеринска од Дебар: Во борбата со коронавирусот, ДПМНЕ калкулираше и блокираше пари од Светска Банка

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk