ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хоти утре на средба со Макрон во Париз, в недела со Вучиќ во Брисел

Хоти и Вучиќ ќе се состанат со цел „да се продолжи со работата на постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

July 6, 2020 16:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Авдулах Хоти ќе отпатува денеска за Париз, каде што утре во Елисејската палата ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста преку соопштение за медиуми ја објави владината прес–служба, наведувајќи дека фактот што средбата ќе се одржи во претседателската палата „говори за вниманието и посветеноста на претседателот Макрон кон Косово и неговата евроатлантска иднина“.

Посетата на Хоти на Париз се реализира во пресрет на неговата средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ, најавена за в недела, на 12 јули, во Брисел.

Информацијата за бриселската средба, со која ќе се означи продолжувањето на преговорите меѓу Приштина и Белград, денеска преку својот Твитер ја објави гласноговорникот на Европската унија Петер Стано, неведувајќи дека на неа ќе учествуваат и шефот на европската дипломатија Хозеп Борел и пратеникот на ЕУ за косовско-српските преговори Мирослав Лајчак.

Според Стано, Хоти и Вучиќ ќе се состанат со цел „да се продолжи со работата на постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

Претходната средба на косовските и српски лидери, што требаше да се одржи на 27 јуни во Белата куќа во Вашингтон, се одложи поради информацијата, објавена три дена порано, дека пред Специјалниот суд за Косово во Хаг е подигнато обвинение за воени злосторства против претседателот на Косово Хашим Тачи./МИА/

Next Post

Ангеловска: Над 14 милиони евра се веќе исплатени преку домашната картичка, решена e и првата група приговори

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk