ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Тортевски: Изјавата на Дескоска за гласање за партија што може да победи, ги елиминира малите партии како сериозен колектив

July 6, 2020 17:10
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес конференција одржана на кејот на Вардар, претставникот на Твоја Партија, Александар Тортевски, носител во ИЕ 1 на парламентарните избори, имаше обраќање до медиумите и јавноста.

Тортевски за медиумите изјави дека поводот за денешната прес конференција се изјавите на Дескоска, во која таа ги повикува граѓаните да гласаат само за партија која може да победи, како и на програмското ветување на Заев за најавените реформи во правосудството.

„Дескоска ги повика граѓаните да гласаат само за партија која што може да победи. Тоа е вулгарен пристап во политиката, тоа значи елиминирање на секаков поинаков начин на размислување и елиминирање на нови идеи на политичкиот пазар. Напротив, малите партии може да бидат сериозен колектив, и ние мислиме дека тоа е една изјава која што го поткопува плурализмот во Македонија, особено што е дадена од деклариран експерт за право и човек кој што се бори за еднаквост на граѓаните и различност на мислењата“, кажа Тортевски за изјавата на Дескоска.

„Втората изјава и програмско ветување што мене лично многу ме загрижува, а и целата Твоја партија, е  ветувањето на премиерот во најава, Зоран Заев, дека реформите во Правосудството ќе ги започнат со 5% преиспитување на предмети. Значи 5% по случаен избор од предметите на секој судија наводно ќе му биле преиспитани. Загрижувачки е што партија со огромни ресурси стои зад такво ветување.

Ако треба да се прави анализа, треба да се направи анализа и на учеството на Министерството за внатрешни работи, Обвинителот и Судот. Трите субјекти да бидат преиспитани во секој конкретен случај, и наместо по случаен избор да се прави тоа, мора да се направи со преиспитување на сите предмети каде што била констатирана злоупотреба на правниот систем.

Имаат еклатантни докази за местење на предмети, местени за граѓаните да бидат осудувани врз основа на нарачки, и кога имаат таков сериозен показател тие поминуваат кон едно решение 5% со случаен избор. Тоа е само предизборна флоскула на која што ќе се налепат граѓаните кои што немаат доволно познавање, меѓутоа, тоа ќе значи да се продолжи политиката на неказнување, особено на високите функционери против што се бори практично Твоја партија“, образложи Тортевски на денешната прес конференција.

И. Ежова

 

 

Next Post

Спасовски до младите: Следува рекордна младинска поддршка, вашите раце се потребни да ја доизградиме Европа дома

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk