ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Транспаренси Интернешнал поднесе кривична пријава за незаконски исплати од Агенција за филм

July 6, 2020 14:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Транспаренси Интернешнел Македонија информира дека до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава во врска со незаконските исплати од Агенцијата за филм. Од таму потенцираат дека информациите за овој настан се обезбедени преку медиумите, а како прилог до Обвинителство се доставени електронски и отпечатени верзии на извештајот од истражувачко новинарство објавен од Радио МОФ на 25 јуни, како и извештајот објавен на порталот Сакам да Кажам објавен на 26 јуни, пренесува Радио МОФ.

Кривичната пријава е поднесена од Транспаренси Интернешнел заради тоа што не добиле впечаток дека Јавното обвинителство ќе го преиспита овој случај по допрен глас, а во објавените новинарски текстови, велат тие, се содржани доволно информации од кои може да се согледаат незаконските дејствија на пријавениот, а објавен е и доказен материјал кој сметаат дека претставува јавна информација и не би ја загрозил идната истрага.

„Покрај поднесената кривична пријава ја повикуваме и Владата да преземе мерки во нејзина надлежност за да се спречи незаконско одлевање на средства од буџетот на државата. Во дополнение, потсетуваме на досегашната (лоша) практика на Јавното обвинителство да ги отфрла сите кривични пријави кои се однесуваат на трошење пари од буџетот во случаите кога парите иако незаконски, сепак се потрошени за намената (Случајот на Зоран Ставрески за кој слушнавме и во првата ‘бомба’ објавена во февруари 2015 година)“, се вели во соопштението на Транспаренси Интернешнел.

На овој начин, велат тие, се воведува правилото на неказнивост и недопирливост од правдата и се поттикнува своеволното и коруптивно однесување од поединци, кои иако од политиката се назначени на функциите треба работат во полза на јавниот интерес и да не будат недопирливи за законот.

„Го повикуваме обвинителството за овој случај веднаш да поведе постапка за утврдување на одговорност за сторено кривично дело како и да започне соодветна финансиска истрага и да го проследи текот на парите“, велат од организаијата.

Целиот текст тука.

Next Post

Нови ауди снимки: Јанушев и Миле Јанакиески договараат уништување на документи

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk