РАЗЛИЧНИ ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата. Партиите и денеска продолжуваат со изборните активности. Носителите на кандидатските листи ќе посетат повеќе општини и ќе се сретнат со граѓаните.
ДОСЕГА 341 смртен случај од Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на Ковид-19.
НАУЧНИЦИ тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздух, од СЗО бараат промена на препораките. Сепак, СЗО наведува дека доказите за пренесување преку воздух не се убедливи.
СО концертот „Скопје во три бои“ вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе биде отоврен 41-от фестивал „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21 јуни.
ВРЕМЕТО ќе биде променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град.
ФРОНТ: Вмро е Фрицел, Македонија е Кампуш, а Историјата е подрум!, колумна на Бранко Тричковски.
НИКОЛОВСКИ од Пробиштип: Ние сме за европска, а ВМРО-ДПМНЕ за режимска иднина.
ЗЕКИРИ: ДУИ да ги остави граѓаните сами да одлучат за кого ќе гласаат, знам дека ќе одберат „Можеме“.
ДРЖАВНАТА изборна комисија објави вечерва прелиминарни резултати, според кои владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) ќе освои дури 69 мандати.
СПАСОВСКИ: Правда за сите, европска администрација, сигурност, јасна визија и просперитет.
ЗАЕВ: Груевизмот и лажниот патриотизам завршија, продолжуваме по вистинскиот пат.