Го остваривме сонот на нашите предци, имаме своја држава, зборуваме свој јазик признат од целиот свет, имаме наш потврден идентитет. Феноменот на постоењето на деструктивни сили кои извираат од ВМРО ДПМНЕ подразбираат љубомора, его, суеата, лошотилак, освета, омраза, нечовечноста и редица други негативни особености, рече Заев пред присутните граѓани на трибината на СДСМ во Штип.
За нив црното е бело, светлината е мрак, а визионерството е опасност. Кај ќе ни беше крајот ако не постоеше ВМРО ДПМНЕ, ова зло со девет букви, како деветте кругови во пеколот, но немаат ни Д од демократија, ни Е од единство. Низ вековите убивале, со опиум тргувале, а денес за власт и моќ не влечат назад, но ние не застануваме овде, сите прогресивни граѓани одиме напред, нема застанување, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од предизборната трибина во Штип.
Тој потсети на најголемите злодела на власта на ВМРО ДПМНЕ која практикуваше режим со сеење страв, уцени и закани.
Сите заедно очекуваме да видиме кој ќе победи на следните избори, дуелот вечерва на МРТВ помеѓу мене и Мицкоски јасно покажува кој ќе победи, таму конечно е разобличен. Јасно е, победуваме ние, победува македонскиот народ затоа што овој пат по кој одиме мораме и да го продолжиме. Со какви методи се служеа, тепаа студенти, тепаа стечајци, тепаа пратеници, го убија Нешковски, правеа терор врз неистомисленици, нападаа советници во општина Центар, уриваа објекти, апсеа бремени жени, прислушуваа 20.000 граѓани, пишуваа казни на кого ќе стигнат, рекетираа фирми, затворија медиуми, спроведоа монструозна лустрација на Славко Јаневски и Томе Серафимовски, еминетни наши дејци и академици. Да не го заборавиме ваквото злодело никогаш. Затоа нивната обнова е иста како нивната преродба, тоа е истиот режим, ги повика Заев граѓаните да немаат дилема на овие избори, туку да гласаат за прогресивна, модерна, демократска и европска татковина.