ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Македонски ИТ решенија за справување со последиците од КОВИД кризата

July 7, 2020 16:36
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Домашните компаниии Дуна и Грин ИТ подготвија технолошки решенија што можат да најдат практична примена во справување со последиците од кризата со КОВИД-19 и во јавниот и во приватниот сектор.

-Соработката на овие два сектoра ќе овозможи примена на ваквите иновативни решенија, оценија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој  Јован Деспотовски при посетата на компанијата „Дуна“.

Директорот на ФИТР потенцираше дека со овие решенија истовремено се поттикнува општествената одговорност кај граѓаните преку награди за доследно почитување на превентивните мерки за заштита од вирусот.

-ФИТР  во текот на здравствената криза реализираше неколку јавни повици со кои ги поттикна сите наши сограѓани да дефинираат и да предложат решенија. Компанијата Дуна е корисник на средства од Фондит,  но ова решение го разви самостојно што е за пофалба. Компанијата Грин ИТ исто така разви соодветно  решение што денеска ќе биде презентирано. Целта на двете решенија е да поттикнеме општествена одговроност. Општествената одговорност кај сите наши сограѓани подразбира доследно  почитување на сите превентивни мерки што реално ќе ни помогнат и ќе не заштитат од здравстената криза, изјави Деспотовски.

Целта, прецизираше, е да видиме како овие решенија можеме да ги примениме пошироко, во сите државни институции, особено каде што има многу граѓани, како центрите за социјални работи,  комерцијалните банки.. Практичен начин како да се справиме со сите тие ситуации, како да ги поттикнеме луѓето да бидат општествено одговорни и да најдеме начин како да ги спроведеме.

Министерот Манчевски се надева дека производите на Дуна и Грин ИТ во следниот период ќе најдат конкретна примена и во јавниот и во приватниот сектор. Важно е, вели, што се развиваат македонски производи производи коишто се во корист, пред се, на граѓаните,  но може да се користат и во институциите  за заштита од последиците од Ковид 19 .

-За нас е особено важно што преку финансирањето што го обезбедува ФИТР, но и иновативноста на нашите компании, развиваме македонски производи коишто се во корист, пред се, на граѓаните,  но може да се користат во институциите  за заштита од последиците од Ковид 19.  И тоа е главната цел. Во ред е да се развива  ИТ индустријата и тоа е еден  од столбовите на идниот  развој на државата , но за нас е клучно да се равиваат македонски производи коишто можат да се користат  и од страна на институциите и затоа сум тука за да видам  е можноста за искористување  на овие произовди и во нашите  институиции, рече Манчевски.

Ова, укажа, е доста  позитивно и за бизнис сектокрот,  но и добар пример за сите млади со иновативни идеи  да аплицираат во ФИТР  и да ги користат другите механизми  со коишто се работи за да се развива ИТ индустријата  кај нас со цел да развијат нови автентични производи.

-Секогаш е подобро да имаме наши македонски производи  наместо да се работи и во делот на ИКТ  индустријата како аусорсинг,  но и оние коишто  во моментов не се многу атрактивни на  пазарот на трудот  преку разните преквалификации што ги нудиме и во делот на  оперативниот план и активните мерки за  вработување преку Агенцијата за вработување, но и во новиот повик за  дигитални вештини за млади луѓе, што повеќе млади луѓе да се  ангажираат во ИТ и да развиваат иновативни решенија, рече Манчевски, потенцирајќи дека соработката на јавниот и на приватниот сектор ќе овозможи примена на иновативните решенија.

Претставниците на „Дуна“ наведоа дека изработиле продукт применлив и во државава и во регионот. Ја потенцираа поддршката од ФИТР и активностите за поттикнување на иовациите и развојот на ИТ индустријата.

Дуна која важи за иновативна компанија е присутна на пазарот веќе 26 години. Ова што ни се случува сега не знаеме колку ќе трае. Заедно со нашите инжинери и со тоа што го знаеме од надвор го развивме и прилагодивме овој продукт не само за Македонија, туку и за регионот во кој работиме. База на податоци што после се грижи да ги зачува сите овие податоци е многу важна за целата аналзиа на ширење на болеста и превенцијата од неа, појаснија од „Дуна“.

Next Post

Србија воведе задодолжителна самоизолација од 14 дена за граѓаните на Црна Гора

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk