ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“

Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ и ова нивно присутно и отсутно раководство, од сите познати причини, се потполно некредибилни по темава, за да очекуваат дека на прашањата од доменот на правната држава ќе ја направат критичната изборна разлика со своите опоненти. Да повториме, во однос на ова, нив повеќе ги интересира кој нема, а не кој ќе гласа на избориве.

July 7, 2020 08:22
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Ова е една од лапидарните реплики на Заев на вчерашниот телевизиски дуел на МТВ. Тоа, се разбира, не е точно. Господинот Мицкоски разбира многу работи. Само што во оваа кампања реши да се занимава речиси исклучиво со својот директен опонент Заев – и со ништо друго, во каков било значаен обем, форма и количество.

Дали таквата стратегија – за што овде повеќе пати е анализирано – ќе даде резултат за изборен пресврт за опозицијата?

Сега, на една недела пред изборите, одговорот на тоа прашање вреди милион долари. Но, што друго и може(ше) да прави опозицијата во оваа кампања?

„Големите“ надворешнополитички теми за Македонија, што традиционално предизборно се дрндале на секои претходни избори триесет години наназад – НАТО, ЕУ, регион – се затворени или се одвиваат на толку убедлив начин за власта, што ги прави, практично, недопирливи за „напад“ од опозицијата.

Најважната внатрешнополитичка тема, пак – меѓуетничките односи – не успева да се „отвори“ на задоволителен начин за опозицијата ни со провокативните идеи на ДУИ за „премиер Албанец“, бидејќи таа контроверза се испоставува како многу повеќе внатре-албанско етно-политичко прашање за борба за гласови, отколку за, објективно, „проблем“ за целата политичка сцена. ВМРО-ДПМНЕ ни на оваа тема не може значително предизборно да авансира. Дури и нивниот предизборен предлог за „отворање“ на Уставот и за етно-идентитетска редефиниција на политичкиот модел на државата – иако исклучително опасна политичка идеја – поминува потполно „глуво“, како предизборна „петарда“ за која дури ни тие самите не инсистираат сериозно да се разговара.

Економијата и социјалата, пак, се турнати сосема во „втор план“, а и на тие теми аргументите и остварувањата на власта делуваат поубедливо, имајќи ги сите светски и домашни околности предвид, па дури и на ниво на тоа кој повеќе, евентуално, ќе излаже за „медот и млекото“ што се нуди да потече по улиците и сокаците во Македонија после изборите.

За епидемијата и состојбата на здравјето на македонските граѓани сите зборуваат загрижено и внимателно. Опозицијата, веројатно со право, решила од тоа да не прави предизборна драма, бидејќи и тие имаат „путер на главата“ за неспроведувањето на мерките, а разбираат дека е многу деликатно и рискантно, со оглед на целата глобална и регионална пандемиска ситуација, да се обидат на тие теми да градат предизборен рејтинг.

Останува состојбата со криминалот, корупцијата и испораката на правдата во државава, со сите големи ветувања и значајни потфрлања што ги направи власта во изминатите три години. Тоа – и, велам, речиси само тоа – е темата со која настапува опозицијата на овие избори. На таа тема се надеваат да ги добијат изборите. За тоа на Заев(и) треба да му се набијат рогови и да му порасне опашка во предизборната кампања. Затоа се сите сили (и пари и валкана пропаганда) фрлени на таа предизборна коцка, со примена на грди методи за лична и семејна дискредитација на лидерот на владејачката коалиција.

Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ и ова нивно присутно и отсутно раководство, од сите познати причини, се потполно некредибилни по темава, за да очекуваат дека на прашањата од доменот на правната држава ќе ја направат критичната изборна разлика со своите опоненти. Да повториме, во однос на ова, нив повеќе ги интересира кој нема, а не кој ќе гласа на избориве.

Тенка е таа стратегија, чија конечна проверка ќе се случи за пет-шест дена.

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“… Разбира, разбира, само од таа кожа толку се може.

И овој телевизиски дуел отиде во корист на Заев.

Next Post

Вонредна состојба во 16 градови во Србија поради Ковид-19

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хари Стајлс ги руши рекордите на Тејлор Свифт и Колдплеј: 12 концерти на Вембли во една година

January 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Ким Кардашијан откри зошто ги избришала фотографиите со Меган и Хари и зошто повеќе не се дружи со Ларса Пипен

January 29, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk