Во рамки на принципите за сеопфатната инклузивност и рамномерна достапност до податоци и информации на сите групи граѓани, Социјалдемократскиот сојуз ја претстави својата предизборна програма со коалицијата „Можеме“ и на знаковен јазик.
Претседателот на партијата, Зоран Заев, во пост на Фејсбук сподели видео за овој новитет и напиша:
На овој начин, најважните, клучните ветувања и заложби сега се достапни и за лицата со оштетен слух и за лицата со оштетен вид.
Градиме систем кој пружа и нуди еднакви можности за сите. Се грижиме, стои во постот на Заев.
А. Н. С.







