ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Интервју со Белчева и Кокалевски, креаторите на Културниот центар кој ќе се гради на местото кај што беше потпишан Преспанскиот договор

Преспа Форум е проект за градење на нова институција која ќе ги промовира европските демократски вредности и ќе создаде простор за продлабочување и реализирање на идеите запишани со Преспанскиот договор. Преспа Форум ќе биде простор за регионална и меѓународна соработка а ќе содржи културен центар, куќи за престој и уметнички резиденции, конференциска сала, „агора„ и амфитеатар, затворен пазар, гастрономски центар, градини за одгледување на зеленчуци и овошја и спортски терени. Преспа Форум промовира холистички пристап, нуди комплексни просторни единици и се карактеризира со современ архитектонски израз

July 8, 2020 15:59
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На местото на кое што беше потпишан Преспанскиот договор ќе се гради Културен центар кој ќе ги промовира европските демократски вредности и ќе создаде простор за продлабочување и реализирање на идеите запишани со Преспанскиот договор.

Фронтлајн направи интервју со архитектите и креатори на идејниот проект за овој Културен центар, дипломиран инженер архитект Ивана Белчева и доктор архитект Дамјан Кокалевски.

Во ова интервју, Ивана и Дамјан ни раскажаа каква ќе биде програмата, содржината и функцијата, од каде црпеле инспирација и какво значење ќе има овој проект за културниот развој и за граѓаните за кои е наменет.

„Идејата за Преспа форумот доаѓа од една поголема и поопсежна иницијатива чија што главна цел е формирање на платформа, односно нова институција која што ќе биде базирана на европските демократски вредности и која што ќе ги зрачи тие вредности. Идејата за Преспа форумот е всушност да се направи регионална соработка од една страна помеѓу трите држави, Република Северна Македонија, Грција и Албанија и идејата е да се опросторат сите тие вредности и критериуми кои што се запишани со Преспанскиот договор, а тоа се пред сè идеите за размени на идеи и искуства, за почитување, за регионална соработка и за промовирање на Европски вредности.“

„Мислам дека ова е прилика што еднаш во животот доаѓа. Мислам дека ваков проект е од исклучителна важност за целиот регион. Ние овој проект го гледаме како просторна врска буквално меѓу ЕУ и Северна Македонија и Македонија и регионот.  Сметаме дека има огромен потенцијал преку градењето на ваков проект да станеме лидер во регионот во градење на меѓународни и добрососедски односи. На повеќе нивоа овој проект беше огромен предизвик за нас како млади архитекти, да имаме шанса да дадеме свое мислење за тоа како би требало една современа институција да функционира и да изгледа, е секако, неповторлива шанса“, изјави Дамјан.

„Навистина беше комплексна темата бидејќи требаше се да се спои заедно, да има еден тек, а од друга страна не сакавме да се наруши природата, околината, флората и фауната. Неговата употреба за околните граѓани ќе има многу големо значење затоа што од страна на македонскиот дел ќе биде отворена територија за трите држави каде што најпрво младите ќе имаат различна визија за тоа како се конструираат границите. Мислам дека ќе биде добар елемент што секој ќе може да го искористи за да работи на некаква теза, објект во кој што имаме дигитална библиотека, мислам дека во Македонија нема такво нешто, каде што ќе може да истражува, да биде дел од природата, а воедно да има и време за себе, да ги проба локалните јадења и да се запознае со локалното население.

Неговата цел е да стане една работилница за генерирање идеи, планови и нивна реализација“, вели Ивана.

Искра Ежова
монтажа: Ариан Мехмети

 

Next Post

Заев: Имаме концепт едно општество за сите, но нема да се толерираат уцени и закани

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk