ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вознемирувачка дезинформација за Ковид-19, „увезена” од Амазон, масовно се шири по социјалните мрежи

July 8, 2020 12:28
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Статусот што е предмет на оваа рецензија на КриТинк, беше објавен на „Фејсбук“ нa три различни страници на албански јазик на 28 и 29 јули и брзо стана вирален со повеќе од 500 споделувања. Станува збор за информација во која се тврди дека наводно обвинителство, по многу сомнежи за Ковид-19, наредило откопување гробови, по што тие се покажале празни. Ова, пак, го наведува авторот на статусот да тврди дека станува збор за измама. Она што е вознемирувачки, тоа е фотографијата на свежо откопан празен ковчег, а во објавата нема прецизирано ниту каде, ниту како, ниту, пак, кога се случува овој настан, туку само е споделена фотографија, при што во краткото објаснување се вели:

Откако некои се жалеа за измама ПРИ закопувањето на жртвите од Ковид-19, обвинителството наредило да се отворат гробовите и тие се покажале празни,. едноставно станува збор за измама.

Па, така, лесно може да се добие впечаток дека настанот се случува во нашата земја или, пак, некаде „блиску“ до нас.

Тврдењето е апсолутно неточно и целата конструкција претставува лага. Со проверка на „Гугл“ може да се потврди дека станува збор за „увоз” на масовна дезинформација објавена на 23 април, некаде во амазонските шуми. Уште повеќе, при едноставна проверка на фотографијата со наредбата Search Google for this Image на „Гугл хром“, на пример, се дознава дека ниту сликата не е направена во контекст на пандемијата на коронавирусот, туку дека станува збор за нешто сосема друго. Таа е снимена во 2017 година од страна на фоторепортерот Милтон Рогерио, од порталот Сао Карлос Агора, а станува збор за измама при животно осигурување. Ова манипулација е проверена од многубројни сервиси за проверка на факти и уште во мај е категоризирана како дезинформација и од нашите колеги за проверка на факти од Бразил. И нашата колешка, Арбнора Мехмети, исто така, го утврди идентичното потекло на оваа фотографија на својот фејсбук-профил.

Ваквите (дез)информации, освен што немаат никаква допирна точка со професионалното информирање, туку се вознемирувачки, влеваат паника и несигурност во општеството во време на пандемија и се крајно опасни, особено ако со нив се манипулира во локален контекст, како во овој случај. Читателите треба да внимаваат секогаш кога ќе налетаат на вакви (дез)информации, треба евентуално да се обидат да ги проверат со гугл-алатките, ако се во можност, или, пак, преку сервисите за проверка на факти, каков што е „Критинк“.

Next Post

Бројот на заразени лица од Ковид-19 во Русија надмина 700.000

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk