Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, со видео објава на својот профил на Фејсбук зборуваше за правдата и за тоа како судиите намерно застарувале предмети во нивните фиоки за оние кои сториле злодела да не одговараат и нагласи дека со влезот во НАТО имаме мир, а ќе има и правда. Манчевски посочи на потребната проверка на работата на судиите, но и на нивната имотна состојба.
Им останавме должни на граѓаните за судска разрешница на случаите кои што произлегоа од СЈО.
Судиите ги застаруваа предметите, тие останаа заробени во нивните фиоки, оние кои што ги предизвикаа злоделата не одговараа.
Затоа планираме целосна проверка на работењето на судиите. Секој оној кој што не работел според закон ќе треба да одговара. Ќе направиме и проверка на имотната состојба на судиите користејќи ги постоечките институции на системот.
Многу просто и едноставно, со влезот во НАТО имаме мир, а и правда ќе има, стои во постот на Манчевски на Фејсбук.
А. Н. С.