– Белата боја на цветот го преставува страдањето на невините жртви, зелената боја во средината ја преставува надежта, а 11-те листа го симболизираат денот 11 јули 1995 година. Цветот го креирале жените од здружението „Грачаничко керање“ и прв пат е преставен во јавноста на 1 јули 2011 година, пишува Џељо Хоџиќ, активист и директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Македонија по повод 25 години од геноцидот во Сребреница.
Во периодот од 11 до 23 јули 1995 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.
Поради злосторствата во Сребреница до сега се осудени вкупно 47 луѓе на повеќе од 700 години затвор, а изречени се и четири доживотни казни, меѓу кои и за Младиќ, чија пресуда не е правосилна и за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.
Во Собранието на Р.Македонија на 04.02.2010 година усвоена е Декларација за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламнет. Со Декларацијата се осудува геноцидот врз 8.000 Бошњаци од овој босански град.
Ј. Ѓ.