Осум починати пациенти, 199 новоинфицирани и 120 излекувани е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени 1.545 тестирани кои покажале позитивни резултати кај 90 лица во Скопје, 24 во Свети Николе, 17 во Куманово, по 12 во Тетово и во Струга, девет во Штип, шест во Дебар, пет во Гостивар, четири во Охрид, по три во Прилеп, во Пробиштип и во Кичево, по две во Битола, во Ресен, во Кавадарци и во Струмица и по едно во Радовиш, во Крушево и во Демир Хисар.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 120 оздравени лица и тоа во Скопје – 94, во Дебар – 1, во Штип – 4, во Прилеп – 1, во Тетово – 9, во Струга – 1, во Охрид – 6, во Гостивар – 2, во Крушево – 1 и во Македонски Брод – 1. Починати се осум пациент од кои по еден од Скопје и од Штип, двајцата од Струга и четворица од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина тројца пациенти на возраст од 24 години, од 63 години, односно од 64 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка на возраст од 54 години, во Клиничката Болница во Тетотво починаа двајца пациенти на возраст од 70 години, однсоно 74 години, во Заводот за нефрологија во Струга почина пациент на возраст од 56 години, а во Општата Болница во градот и пациентка на возраст од 83 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.975, бројката на оздравени пациенти е 4.080, на починати е 376, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.519. Дистрибуцијата по градови е следна: