Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.111, бројката на оздравени пациенти е 4.203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.526.