Лидерот на СДСМ Зоран Заев на Канал 5 со последна порака до граѓаните пред изборниот молк.
„Почитувани граѓани, сега вие одлучувате. Ве повикувам да излезете и да гласате за бројот 3. Да потврдите дека навистина можеме уште повеќе, и уште подобро. Да продолжиме по сигурниот, правиот пат, за да можеме да им докажеме на нашите деца и внуци дека можевме, дека успеавме, дека денес имаме држава со која сите се гордееме. Имаме капацитет да ја трансформираме економијата. Тоа го докажавме изминатите три години, ќе го докажеме и во следниот период и затоа бараме поддршка од граѓаните во среда, н 15 јули.“ ги повика граѓаните на гласање, лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку телевизија Канал 5, пред да започне изборниот молк.