ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневна состојба со Ковид-19 во светот, досега регистрирани над 13 милиони заразени

July 13, 2020 19:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 13.129.946 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 573.198 , а оздравеле 7.641.979луѓе.

– Во Косово вчера се регистрирани 216 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 4.931. Од нив починале 102 заразени, од кои еден вчера. Излекувани се 2.267 од претходно дијагностификуваните со Ковид-19, од кои вчера се регистрирани 40 случаи на лица кои ја победиле болеста. Активни носители на вирусот во земјата се 2.567 лица.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 24 нови случаи на Ковид-19, од кои четири се од направените тестови на посетителите на земјата. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.826 позитивни случаи.

-Од направени 942 тестови во изминатите 24 часа, на Кипар е регистриран еден нов случај на Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 1.022 лица.

– Според податоците на рускиот кризен штаб за борба против коронавирусот, во последните 24 часа во Русија се регистрирани уште 6.537 нови случаи, а дневното зголемување на бројот на пациенти во текот на една недела е 0,9 проценти. Потврдени се 672 нови случаи во Москва, 291 во Санкт Петербург и 218 во Свердловск.

– Во изминатите 24 часа во Австрија се регистрирани 51 нови случаи на инфекција со коронавирусот. Уште вчера бројот на новозаразени беше во трицифрен и постојано осцилира во последниве денови. Најголем број новозаразени се повторно во Горна Австрија – 25, а потоа следува Виена со 19. Според податоците на Министерството за здравство, во моментов има 1.240 заболени во Австрија. Во моментов, 82 лица се хоспитализирани, од кои осум се на интензивна нега.

– Во последните 24 часа во Унгарија се евидентирани 13 нови случаи со што вкупниот број на заразени во таа држава се искачи на 4.247. Нема нови смртни случаи. Досега се регистрирани 595 смртни случаи од вирусот. Поради вирусот 127 лица се во болница, од кои пет се на респиратор. Вкупно 2.453 лица во моментов се официјално во карантин.

– Во изминатите 24 часа во Федерацијата БиХ се регистрирани 71 новоинфицирани, вкупно 2.149 случаи позитивни се активни. Од 81 потврдени смртни случаи во Федерацијата на БиХ, 52 се машки (64,2 проценти) и 29 жени (35,8 проценти). Во однос на возрасната структура, 56 починати пациенти (69,14 отсто) биле над 65 години./МИА/

Next Post

С.Македонија се приклучува кон COVAX механизмот за рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за Ковид-19

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk