Сопругата на претседателот Пендаровски, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, во својство на медицинско лице, во согласност со Хипократовата заклетва, денес беше дел од посебниот здравствен избирачки одбор за остварување на правото на глас на граѓани во самоизолација/болни од Covid-19.
Изборите во услови на пандемија се исклучително ретки, но и тогаш треба да им се овозможи на луѓето кои се засегнати од неа да го остварат своето право на глас.
Денес, како лекар, ја исполнив граѓанската обврска, но и професионалната должност базирана на Хипократовата заклетва и бев дел од посебниот здравствен избирачки одбор за остварување на правото на глас на граѓани во самоизолација/болни од Covid-19, напиша Ѓоргиевска на својот профил на Фејсбук.
А. Н. С.