ДЕСЕТТИ парламентарни избори, петти предвремени. Првпат на овие избори ќе се гласа три дена, а избирачките места ќе бидат отворени два часа подолго од досега, од 7 до 21 часот.
ДЕНЕСКА гласаат болните, немоќните, хронично болни, лицата во затвор, домашен притвор и старски домови.
ОДИХР: Прелиминарна оценка за изборите на 16 јули, се следи изборниот процес, кампањата и медиумите. Специјална мисија за проценка на изборите ја започна својата работа во Скопје на 22 јуни, т.е. пред официјалниот почеток на изборната кампања, а ќе биде распоредена до 23 јули.
ВКУПНО активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.
ДОНАЦИЈА од Кина во вредност од околу 250.000 евра. Се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови.
ВО Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица. Вчера пак гласаа 15 лица во самозолација или болни од Ковид-19.
ИСТРАЖУВАЊЕ: Пациентите по излекувањето од Ковид-19 патат од замор, тешко дишат и имаат намален апетит. Речиси сите испитаници имале проблеми со апетитот и намалување на телесната маса.
ПЕТРОВСКА: Живееме во демократска држава во која слободата на изразување не е кривично дело.
СОНЧЕВО со умерена облачност. Во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ј. Ѓ.