Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на својот профил на „Фејсбук“, објави дека неговиот заменик Александар Бајдевски и возачот, се позитивни на Ковид-19.
Тој, согласно препораките на епидемиолозите, ќе биде во изолација во следните 14 дена.
„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.
Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Covid 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација.
Чувајте се и бидете здрави.“, напиша Манчевски.