ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Нови 18 обработени случаи на изборни нерегуларности нотирани од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ

July 15, 2020 13:32
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Избирачкиот одбор (ИО) во ИМ 2932 во Бутел се зафатени со јадење и пиење, така што проверката со УВ ламбата им е последна од грижите. Проверуваат секој втор или трет гласач со УВ ламбата.

Во ИМ 2582/1 во Ѓорче Петров нема средства за дезинфекција.

На повеќе ИМ на граѓани коишто имаат нова лична карта (издадена во претходните 2 недели) не им се дозволува да гласаат бидејќи ги нема во избирачките списоци. На граѓаните не им се даваат инструкции како понатаму да постапат. Овој случај се регистрира на избирачките места: 2930 во Бутел и ИМ 2611, 2593/1 и 2628 во Карпош.

На ИМ 9741 се бележи прекршување на протоколите за асистенција при гласање. На граѓанка со попреченост на видот ѝ било оневозможено да гласа со асистенција.

Во Гази Баба, во ИМ 2498 партиски надбљудувач седи до Претседателот на ИО. Кога надбљудувачката на Цивил побарала информација кои се присутните и во кое својство, партискиот надбљудувач и претседателот на ИО дрско ѝ одговориле со зборовите „Па баш на ЦИВИЛ ништо не им кажувам“.

„На ЦИВИЛ не морате ништо да му кажете. ЦИВИЛ сѐ знае“ – на шега коментираше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала кој ги водеше првите две прес конференции од почетокот на изборниот ден.

Понатаму, мониторингот на ЦИВИЛ, соопшти и дека на избирачки места 2500 и 2506 во Гази Баба на глас се читаат имињата на гласачите.

На ИМ 2695 не работат УВ ламбите, но гласањето не е прекинато.

Во ИМ 2704 во Аеродром, партиски надбљудувач го повредува правото на тајност на гласањето, бидејќи седи веднаш зад параванот и гледа за која опција гласаат граѓаните.

На ИМ 2809, на една граѓанка ѝ дале гласачко ливче, ја испрскале со спреј и, пред да гласа, Избирачкиот одбор утврдува дека ја нема на Избирачкиот список. Гласачкото ливче ѝ го одземале и не и дозволиле да гласа. Избирачкиот одбор ја упати да се јави до Општинската изборна комисија и дека „таа е виновна што ја нема на списокот“.

Членови на партија нудат и вршат превоз на болни и изнемоштени на ИМ 1351 и 1354 во Прилеп.

Две лица со кеси со сендвичи, сокови и слатки и им го поделиле на членовите на ИО на ИМ 2690, 2691 и 2692 во Аеродром со зборовите: „Знаете од кого е поздравот!“

Следната прес конференција е во 13 часот и ќе биде на македонски и албански јазик. До крајот на денот, прес конференции ќе се одржат во 16, 18 и 22 часот. Веднаш по завршувањето на прес конференцијата во 22 часот, ќе се одржи панел дискусија за оценка на изборниот процес, со учество на членови на тимот на ЦИВИЛ, како и Сашо Орданоски, Јасна Бачовска, Висар Адеми. Сите медиуми се добредојдени да ги преземаат видео содржината и извештаите на ЦИВИЛ. Прес центарот на ЦИВИЛ на 15 јули е во хотел Порта, Аеродром. Организацијата обезбедува бесплатен такси превоз за сите новинарски екипи до хотелот (потребно е да се приложи уредна сметка). Во прес центарот ќе биде обезбеден и простор за новинарските екипи за работа, закуска и освежување.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

 

Next Post
Владимир Панчевски Фото: МИА

Панчевски во притвор во Шутка, доброволно се пријавил

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk