Поминува и седмиот месец како си ги немам видено моите најмали, најверни другарчиња. Оваа вештеркава коронска за жал не` оддалечи, пишува Денис Јанкуловски.
Ми недостасуваат оние прекрасни насмевки, најубавите и најискрените прегратки, сите оние без збор кажани многу работи. Ми недостасуваат дружбите, радоста, веселбата, ми недостасуваат многу работи. си недостасувам јас во нивна околина, во нивно присуство.
Но и јас и сите тие знаеме дека ова мора така да биде затоа што се работи за здравје, а кога е здравјето во прашање тогаш тоа е прва точка на дневен ред. Знаеме дека моето космонаутирање и нивното почитување на сите мерки, предлози и протоколи ќе доведат до наша поскора средба. Средба на која ќе си размениме многу, многу прегратки и љубов, средба на која ќе има никогаш доволно од она најубавото, од #јазикотНаЕрато – Гуш и Бац ❤️
Другарчиња мои, секогаш кога нешто правиме ЗАЕДНО како ЕДНО има резултати. Па така и ЗАЕДНО ќе ја избркаме вештеркава и ќе ја пикнеме во некоја дупка од каде нема никогаш повеќе да излезе.
Бидете ми умни какви што сте, огромен поздрав и до вашите семејства со кои се најдовте во оваа непријатна ситуација но и како вистински борци ни покажувате како треба да се однесуваме, вие сте пример за многумина кои за жал ете и по толку месеци не сакаат и не се грижат за нашето, вашето и зачудувачки за нивното здравје.
Секоја чест Ви чест ?
Она што јас, вашиот Денко Космонаутко можам да ви го ветам е дека штом се создадат услови за заедничка друѓба абе маслинка не чекам Има да направиме најнеобична луда забава каква што само ние знаеме да направиме, со нетрпение го очекувам тој Голем ден.
Го имате мојот збор.
Дотогаш еве вака на некој нов виртуелен начин ве гушкам, ви посакувам убав ден и чувајте ми се.
Почитувајте ги овие лица, тие се прекрасни, необични на свој начин. Она што бараат е само да бидат дел од ова наше општество, да бидат дел од секојдневието. Подадете им рака.
Да растеме заедно ❤️??
Гуш и бац од ??