„Се појавија и уфрлуваа лажни слики и имиџи за ДИК, кои после тоа се лиферуваа по медиумите, како што на пример беше резултатот од струмичко Ново Село, каде што ДУИ и Алијанса за Албанците освоиле толку и толку гласови“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Според него тоа се лажни вести, затоа што тој веднаш го проверил резултатот во нивната апликација.
„Споредувајќи ги може веднаш да се види дека станува збор за лажна вест, а апликацијата си го покажува вистинскиот резултат од гласачкото место.
За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ од каде што бараат повторно броење на гласовите, тој истакна дека сите политички партии ги имаат записниците со резултатите од секое избирачко место, па на тој начин, како што појасни, ги знаат точните бројки.
„Записникот најпрво оди кај член на Избирачкиот одбор, односно кај претставникот на политичката партија, каде што сте бројат и сите го утврдуваат резултатот. На крајот сите го потпишуваат и сите добиваат примерок. Тоа значи дека сите ги имаат тие записници и сите ги знаат бројките“, рече Дерковски.