ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

July 18, 2020 19:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 14.272.800 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 601.062, а оздравеле 8.522.788 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19 и ниту еден на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата заразени се 3.983 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти дека има четири нови случаи од 1.831 направен тест, со што бројот на позитивни на Ковид-19 се зголеми на 1.037 лица.

– Покрај шестмината починати и 145 новозаболени, Косово во последното деноноќие го забележа и рекордниот број на излекувани од Ковид-19 во еден ден – вкупно 171 лице кое претходно резултира позитивно на новиот коронавирус ја пребродило заразата. Вчера е забележана и рекордна бројка на извршени тестирања во еден ден, 562, a вкупно од појавата на епидемијата се извршени 30.567 тестови. Oд почетокот на пандемијата позитивни на новиот коронавирус резултирале 5.617. Од нив, починале 130 лица, кои, според официјалните извештаи на здравствените власти, страдале и од други хронични и потешки болести. Излекувани се 2.811 лица, додека бројката на активни заболени изнесува 2.676.

– Во Босна и Херцеговина  се потврдени 244 нови случаи на заразени со Ковид-19. Во изминатите 24 часа, во болниците во Федерацијата на БиХ биле тестирани 1.044 примероци, од кои 158 биле позитивни, додека во Република Српска тестирале 600 примероци, а коронавирусот бил потврден во 86 случаи. Поединечно, најмногу новозаразени има во Сараево – 84 нови случаи. Второ по големина жариште е Бања Лука со 22 новозаразени лица. Пријавени се два нови смртни случаи. Вкупниот број заразени лица во БиХ од појавата сега е поголем од 8.100 со 247 потврдени смртни случаи.

– Во Словенија се потврдени 24 нови случаи на инфекција во последните 24 часа со 1.027 тестови, што претставува зголемување во однос на претходните три дена кога беа регистрирани 19. Во моментов се хоспитализирани 19 лица, од кои две имаат потреба од интензивно лекување. Повеќе од половина од новите дневни инфекции биле потврдени кај помлади лица: шест заразени биле во возрасна група од 25-34 години и седум во возрасна група од 35-44 години. Нема нови смртни случаи, досега таа цифра е 111. Нови случаи во последните 24 часа се регистрирани во 19 општини, најмногу во Љубљана (4 инфекции), а по два во Велење и Крањ.
– Во последните 24 часа, во Австрија се регистрирани 134 новозаразени. Во моментов во Австрија, според податоците на Министерството за здравство, има 1.272 кои се сериозно болни, од кои 98 се хоспитализирани, а 11 се на интензивна нега. Најголем број новозаразени се регистрирани во Виена – 52 случаи, по што следи Горна Австрија со 36, а Долна Австрија со 17.

– Бројот на нови случаи на коронавирус во Белгија се зголеми во текот на изминатата недела, а во изминатите 24 часа се регистрирани 261 новозаразени лица.
Просечниот дневен број нови случаи минатата недела во Белгија достигна 127,4, што е за 46 проценти повеќе отколку во претходните седум дена.
Според тамошните здравствени власти, трендот на намалување на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19 се чини дека е во застој.

– Во Русија потврдени се 6.234 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени е 765.437. Регистрирани се 124 смртни случаи, така што вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата во таа држава сега е 12.247.

– Во Индонезија, во која живеат повеќе од 273 милиони луѓе, бројот на заразени со коронавирус го надмина бројот на заразени во Кина, откако во јужноазиската земја денеска се пријавени 1.752 новозаразени, пишува „Џакарта пост“.

Потврдени се вкупно 84.882 лица заразени со Ковид-19, со што Индонезија го надмина бројот на заразени во Кина, која има регистрирано 83.644 случаи, соопшти Министерството за здравство Бројот на смртни случаи се зголеми на 4.016, откако беа пријавени 59 смртни случаи во последните 24 часа, изјави портпаролот на Министерството за здравство и портпарол на кризниот штаб Ахмад Јуријанто. 

Извор: МИА

Next Post

Поднесени нови приговори до ДИК за сумирање и утврдување на резултатите

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk