ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ДИК ќе решава за поднесените 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од изборите

July 19, 2020 08:11
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

До Државната изборна комисија вчера до 19:30 часот кога истече рокот поднесени се вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. ДИК треба да се произнесе по приговорите во рок од 72 часа.

Се очекува ДИК да закаже седница денеска, а најдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по приговорите.

Вчера пред истекот на рокот 1.982 приговори поднеле од Левица, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговори. Од приговорите два има и од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори. До ДИК е поднсено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Прексиноќа во 21 часот, пак, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат  откако ДИК попладнето на 16 јули ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

Во меѓувреме, Државната изборна комисија вчера објави соопштение на својата веб страница со кое ги корегираше резултатите од предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули, објавени на 16 јули. Како што се наведува во објавениот Заклучок за исправка на технички грешки, вкупниот број на избирачи  кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број  неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека изборниот процес бил нарушен и обвинуваат за, како што велат, најголемиот и најмасовниот поткуп и фалсификат на изборната волја и побараа рачно пребројување на гласачките ливчиња..

-Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачното да се пребројување гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат. Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000 несвојствени за ваква излезност на еден изборен процес. Да потсетам уште еднаш, дека функционери на СДСМ и нивни експоненти јавно водеа кампања да се шкртаат ливчиња, претставувајќи го како повик на ВМРО-ДПМНЕ, што е кривично дело во изборен процес. Потребно е да се заштити волјата на граѓаните и да се тргне дамката од изборниот процес, рече на прес – конференција партискиот портпарол Димче Арсовски.

Од СДСМ, пак, посочуваат дека на слободни, фер и демократски избори победи нивниот концепт и Коалицијата „Можеме“ и му порачаа на ВМРО-ДПМНЕ и на Мцкоски причините за поразот да ги бараат кај нив, наместо да бараат алиби. Воедно го повикаа претседателот на ДИК Оливер Деркоски, да даде одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите

-На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“.Победи концептот за напредок, концепт што носи кон ЕУ и НАТО, концептот кој враќа назад е поразен, поразени сите се анти НАТО и анти ЕУ политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Оливер Деркоски, претседателот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ должи одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите. Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе, стои во реакцијата на СДСМ. /МИА/
Next Post

Сончево со мала до умерена облачност, со услови за појава на пороен дожд и грмежи

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk