ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Богдановиќ: Ниедна институција не презема ништо за „Скопје 2014“

July 22, 2020 21:53
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
фотомонтажа: окно.мк

фотомонтажа: окно.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Ако Општина Центар го повлечеше планот за центалното градско подрачје, како што се бараше, тогаш се ризикува да се врати во сила стариот ДУП од 2012 година и да се продолжи со градење онаму каде што се застана, смета градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. Во интервју на Телма тој рече дека токму поради оваа причина смета дека новиот план за „Мал Ринг“ треба да се донесе.

„Ако се случеше варијантата да го повлечеме ДУП-от без јавната дебата и да се вратиме неколку чекори, ние остануваме повторно со стариот план. Има нов закон за урабанистичко планирање, каде е посочено дека новите планови кои што ги носат Општините може да стават одреден дел под  суспензија, но не повеќе од 6 месеци. Затоа сметам дека треба да се донесе овој план и сите останати, затоа што после нема да има можност, ако имате 6 месеци и некаде заглави планот заради други проблеми, едноставно  ќе стапи на сила оној стариот план од 2012 и се што не е изградено, некој утре ќе може да го доизгради“, рече Богдановиќ

Тој посочи дека за овој план треба да се вклучат и други институции кои како што вели „креваат раменици“.

„Ниедна институција не презема ништо. Има Комисија формирана во Министерство за култура која донела извештај дека нешто треба да се тргне, во ред јас како градоначалник ќе направам извештај и само ќе го дадам дека тоа е извештај. Никој не носи акт, никој не носи решение за остранување, никој не отвори постапка, не поднесе кривична пријава, никој не побара да се вратат средствата, никој не кажа како се терале одредени постапки, само ние од Општина Центар јасно зборуваме и гласно и презентираме јавно и притискаме до институциите да преземат нешто и сите си седат си ќутат, а кога дојде планот за отворање се вели дека Општина Центар не презела ништо и не ги вклучила сите. Па затоа е јавната презентација. Ајде да отвориме една по една парцела и да разговараме што е како е до каде е постапката, зошто некои предмети не се преземаат, колку пријави имаме поднесено колку сметаме дека оштетен општинскиот буџет итн. А не само парцијално да кажуваме, повлечете го тоа, па кога на институциите ќе им текне да преземат нешто ќе продолжиме“, рече Богдановиќ.

Градоначалникот рече дека факт е дека претходната власт продала одредени земјишта и инвеститори платиле комуналии и дека не може преку ноќ тоа да се смени, ризикувајќи во иднина Општината да плаќа штети.

Next Post

Рајан: Има напредок во развојот на вакцина, но во употреба дури од 2021 година

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk