Љубчо Георгиевски, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер ќе ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за новите статутарни измени, со кои, меѓу другото, се укинува титулата „почесен претседател“.
„Правната држава започнува со почитувањето на сопствениот статут. не може нешто што е одлучено на конгрес да се промени на централен комитет“ напиша Георгиевски на фејсбук.
Георгиевски, кој сега е претседател на ВМРО Народна партија смета дека, согласно позитивната правна регулатива, веќе стекнато право како почесен претседател на партијата не може да биде одземено.
Ангажирал правен тим кој на суд ќе треба да го докаже тоа. освен на Георгиевски, титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, со новите измени, му се укинува и на Никола Груевски. Тој на фејсбук му порача на актуелното раководство дека неможе конгресна долука да биде поништена на Централен комитет.
Георгиевски во 2004-та се откажа од титулата почесен претседател, за како што тогаш порача, Груевски да престане со неосновани чистки во ВМРО-ДПМНЕ со цел да се огради од него.
Љубчо Георгиевски беше премиер на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од 30 ноември 1998 до 1 ноември 2002.