ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

July 24, 2020 19:35
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 15.747.227лица. Од нив починале 638.281, а оздравеле 9.599.890 луѓе.

Приштина – Во Косово вчера се регистрирани 213 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 6.680. Од нив починале 164 лица. Во изминатите 24 часа се евидентирани и 109 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19 и ја совладале болеста достигна до 3.614. Денеска починаа еден 59-годишен хирург од Ѓаковица и лекар од Клиниката за реуматологија при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19. Со тоа бројката на починати лекари заразени од новиот коронавирус се искачи на три, откако на 21 овој месец почина лекар од Витина. Според приштинските медиуми, во Косово има над 500 здравствени работници кои се заразени од вирусот, а околу 120 од нив се лекари.

Подгорица – Во изминатото деноноќие во Црна Гора потврдени се 97 нови случаи на Ковид-19 и три смртни случаи. Во земјата во моментот активни случаи се 1.979, а досега од последици од новиот коронавирус починаа 33 луѓе.

Атина – Во Грција во изминатите 24 часа регистрирани се 26 нови случаи на Ковид-19, од кои шест при направените тестови на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.135 лица.

Никозија – Министерството за здравство на Кипар денеска соопшти дека се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 од 1.109 направени тестови, со што бројот на заразени се зголеми на 1.047 лица.

Тирана – Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се 104 нови случаи со Ковид-19,  а починале пет лица. Со последните  564 до сега во оваа земја направени се 37.875 тестови, позитивен резултат е добиен кај 4.570 лица, оздравеле 2.608, а починале 128, додека активни на болеста се 1.834 лица.

Белград – Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се уште 409 новозаболени лица, а починаа 10, со што бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 изнесува 518. Во сите здравствени институции во Србија хоспитализирани се 4.575 луѓе.

Загреб – Во изминатото деноноќие во Хрватска регистрирани се 81 новозаболени лица со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари кога е забележан првиот случај досега вкупно 4.715 лица, 128 починале, а оздравеле 3.555 луѓе.

Минск – Во Белорусија во изминатите 24 часа потврдени се 158 нови слуачи на Ковид-19, со што вкупниот број на инфиоцирани лица се искачи на 66.846 луѓе. Во земјата регистрирани се 524 смртни случаи од последици од новиот коронавирус.

Лусака – Во Замбија позитивни на новиот коронавирус се 15 пратеници и 11 вработени во Парламентот. Во земјата вкупно заразени се 3.865 лица, а починале 136 луѓе./МИА/

Next Post

Мерка притвор за лице од Радишани за неовластено држење и продажба на марихуана

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk