ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Продуктивни и конструктивни преговорите Белград – Приштина, се разговарало и за раселените и исчезнати Срби

Приштина „одбила да учествува на вториот ден од разговорите“ посветен на економската соработка, но, исто така, и сугерирала за можно продолжување на техничкиот дијалог во наредните денови.

July 24, 2020 16:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Неделниве политички разговори на експертско ниво за исчезнатите и раселените беа продуктивни и конструктивни. Јас со нетрпение ја очекувам следната рунда експертски разговори на дијалогот Белград – Приштина“, напиша специјалниот преставник на ЕУ Мирослав Лајчак во пораката на Твитер.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, изјави дека за време на дводневните технички разговори во Брисел, српската страна изнела бројни аргументи поврзани со судбината на исчезнатите Срби, го отворила прашањето за враќање на раселените лица и разговарала за економските инвестиции на ЕУ во регионот.

Во изјавата за Танјуг, Ѓуриќ наведе дека Приштина „одбила да учествува на вториот ден од разговорите“ посветен на економската соработка, но, исто така, и сугерирала за можно продолжување на техничкиот дијалог во наредните денови.

Тој наведе дека за време на првиот ден од техничките разговори, белградската делегација истакнала дека никој нема одговарано за воените злосторства извршени врз Србите.

Што се однесува до вториот ден од експертските разговори во Брисел, кој требало да биде посветен на економската соработка помеѓу Белград и Приштина, Ѓуриќ кажа дека делегацијата од Приштина одбила да учествува на таа средба, по што српската страна со претставниците на Европската комисија разговарала за инвестицискиот план од над 12 милијарди евра поддршка за Западен Балкан во наредните седум години.

Ѓуриќ додаде дека белградската делегација во текот на претходните два дена го поставила прашањето за спроведување на договорот за Заедницата на српски општини и други договори од значење за српскиот народ./МИА/

Next Post

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни 115 случаи

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk