Силно невереме ја погоди хрватската престолнина во вечерните часови. Улиците во Загреб се поплавени, патниот сообраќај отежнат. Трамваите не сообраќаат, пренесе dnevnik.hr.
Како што јавуваат читателите на Индекс, дува силен ветер и врне дожд, а постојано се слушаат и грмежи. Многу делови од градот се потопени, а автомобилите заглавени во вода.
За кусо време пожарникарите добиле многу повици, а во тек се 70 интервенции.