ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Пресуда од три месеци затвор за сексуален грабливец – локален моќник во првото судење за случај од движењето „#MeToo“ во Србија

Случајот покажал дека „ниту еден моќник не е помоќен од гласната јавност“

July 25, 2020 20:39
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Локален моќник озлогласен по сексуално малтретирање жени кои работеле за него во српска провинциска општина добил казна од три месеци затвор на судењето кое се смета за првиот познат случај од движењето за разоткривање сексуално насилство „#MeToo“ во таа земја, стои во текст на GlobalVoices.

Судењето на 58-годишниот поранешен претседател на општина Брус, Милутин Јеличиќ викан Јутка, завршило на 10 јули 2020 г. извести телевизијата Н1.

Адвокатот што ја претставувал 32-годишната тужителка Марија Лукиќ, која го обвинила поранешниот работодавец за сексуално малтретирање, изјавил:

„Задоволни сме од пресудата и ова е еден добро придвижување за правосудството. „Правда за Марија“ е многу важна иницијатива за Србија, а таа е првата жена што успеала да го прати во затвор еден моќник кој се повикувал на највисоките државни органи, мислејќи дека ќе го заштитат пред судот.“

Марија  Лукиќ, мажена мајка на две деца и дипломирана економистка, го пријавила случајот во март 2018 г.

Таа го обвинила тогашниот претседаттел на општината за континуирано праќање пораки со сексуална содржина по мобилен и за обиди да ја допира на  работното место. Полицијата поднела пријава за сексуално малтретирање, сексуално вознемирување и злоупотреба на службената положба.

Лукиќ била отпуштена, а општината донела одлука да го затвори фризерскиот дуќан на нејзиниот сопруг.

Сопругот, кој јавно искажал поддршка за Марија, изјавил дека добивал закани дека полицијата ќе му подметне дрога како изговор да ги апси.

По судењето, Марија Лукиќ твитнала:

Ne, nisam srećna jer je osuđen na tri meseca.
Mirna sam jer znam da sam dala sve od sebe, za sve nas.
Mirna sam jer se agonija završila. Uslovno rečeno, jer još uvek presuda nije pravosnažna.
Mirna mi je savest.
Čula sam ono: “Kriv je”.
Posle svega, samo mi je to trebalo.

— Marija Lukić (@MarijaLukic36) July 10, 2020

Не, не сум среќна што е осуден на три месеци.
Мирна сум дека знам дека дадов сè од себе, за сите нас.
Мирна сум затоа што агонијата заврши. Условно речено, бидејќи пресудата сè уште не е правосилна.
Мојата совест е мирна.
Го чув она: „Виновен е“.
После сè, само тоа и ми требаше.

Сторијата привлече меѓународно внимание, при што ја покриваа Икуал тајмс, АФП и СиЕнЕн.

Продемократското политичко движење „Не го давиме/даваме Белград“ („Не да(ви)мо Београд“), кое искажа поддршка за Марија Лукиќ на секое рочиште, искажа солидарност преку изјава, нагласувајќи дека „ниту еден моќник не е помоќен од гласната јавност“.

Сторијата привлече меѓународно внимание, при што ја покриваа Икуал тајмс, АФП и СиЕнЕн.

Продемократското политичко движење „Не го давиме/даваме Белград“ („Не да(ви)мо Београд“), кое искажа поддршка за Марија Лукиќ на секое рочиште, искажа солидарност преку изјава, нагласувајќи дека „ниту еден моќник не е помоќен од гласната јавност“.

❤️?
Pravda za Mariju Lukić!
Pravda za žene Brusa!
Pravda za sve žene! pic.twitter.com/48QhaTXN9Q

— Ne davimo Beograd (@nedavimobgd) July 10, 2020

Твит: Правда за Марија Лукиќ! Правда за жените од Брус! Правда за сите жени!
Парола на фотографијата: Насилството против жените не застарува.

На почеток изгледаше дека сексуалниот грабливец има поддршка од владеачката Српска напредна партија (СНС), а потоа од Српската радикална партија на осудениот воен злосторник Војислав Шешељ, обете се повлекле под притисок на јавноста.

Во септември 2019 година, Лукиќ ја добила наградата Освојување на слободата, која Фондацијата „Маја Маршиќевиќ Тасиќ“ ја доделува на жени за промовирање на човекови права, владеење на правото, демократија и толеранција  во политичката комуникација.

Балканската истражувачка репортерска мрежа БИРН ја вброи меѓу „Хероите на 2019 година – луѓе кои преземаа акција  за позитивни промени“ на Балканот.

Спротивставување на политички играч со јаки врски

Според биографијата на Милутин Јеличиќ Јутка објавена на веб-сајтот за проверка на факти Истиномер, Јутка бил роден 1962 година и од 2000 година држел низа високи политички позиции во општината.

Во 2012 година бил уапсен по пријава за злоупотреба на позицијата. Но судската постапка почнала дури во 2018 година и сè уште е во тек.

Пролетта 2018 година три жени од Брус за весникот „Вечерње новости“ изјавиле дека тој се обидувал сексуално да ги нападне на работното место и дека им праќал пораки со сексуална содржина. Марија Лукиќ била една од нив.

Таа продолжила да зборува со медиумите, објаснувајќи дека во текот на две години по октомври 2015 година, откако станала секретарка во општината, тој и испратил над 15.000 „покани за интимни контакти“ преку СМС.

Јеличиќ ги отфрлал овие  обвинувања, тврдејќи дека никого ниту уценувал ниту вршел притисок. Во март 2018 изјавил за медиумите дека Марија Лукиќ побарала подобро работно место и повисока плата. Тој наводно одговорил дека не може да ја постави на  раководна позиција пред да заврши факултет. Тој исто така рекол дека се сомневал дека некој друг ги праќал пораките, оти често го имал оставано својот мобилен во партискиот штаб преку ноќ.

Полицијата го повикала Јеличиќ на испитување во март 2018 година. Судењето започнало скоро една година подоцна, на 5 февруари 2019 г.

Судот го обвинил Јеличиќ само за случајот на сексуално малтретирање на Марија Лукиќ, наспроти тоа што вкупно седум жени го пријавиле за обид за присилување на непосакувани сексуални односи.

Сите тие седум жени изгубиле работа, по  што не можеле да најдат нови вработувања во малата заедница во Брус. Некои од нив решиле да се преселат во други места во Србија, или во странство.

Во март 2019 година Јеличиќ дал оставка на функцијата претседател на општината под притисок на јавноста. Но тој не излегол од политиката, туку ја напуштил владеачката партија СНС и се приклучил на екстремната десничарска Српска радикална парија.

Во јуни 2019 г. општинското собрание изгласало да му се врати позицијата на член на општинскиот совет, со што повторно формално правно можел да се кандидира за градоначалник.

Учествувал на изборите во јуни 2020 година, при што си водел кампања на чело на нова изборна листа „За модерен Брус“ иако бил под истрага. При тоа полицијата наводно не можела да го пронајде за да го донесе на судските рочишта.

Бил  победен на изборите од неговата поранешна партија СНС.

Опстојување во услови на цензура, закани и контратужби

Во февруари 2019 г. Марија Лукиќ се појавила во ТВ емисијата „Животот раскажува“ („Живот прича“) на ТВ Прва, за да зборува за случајот. Но во истиот термин, кабловската компанија во нејзиниот град го прекинала телевизискиот сигнал во целата општина заради „технички проблеми“.

Официјално, причина за прекинот било прекин на струјата во зградата во која е сместена техниката на кабелската компанија.

Во март 2019 година Лукиќ добила смртни закани преку Твитер од претходно непознат човек, кој велел дека нејзината иницијатива претставува „закана за режимот“ и дека ќе била „елиминирана“ како косовскиот српски политичар Оливер Ивановиќ, врз кого во јануари 2018 година беше извршен атентат.

Откако го пријавила во полиција, мажот што ги искажал заканите се извинил, со изговор дека имал „психолошки последици“ од премногу работа. Не е познато дали полицијата спровела кривична постапка против него.

Во септември 2019 година, Јутка покренал и тужби за навреда и клевета против новинари што известувале за случајот. Прво ја тужел новинарката на дневниот весник „Блиц“ Ивана Мастиловиќ Јасниќ и нејзиниот уредник Предраг Михаиловиќ. Во ноември 2019 година веб-сајтот посветен на слободата на изразување во Србија „Цензоловка“ известил дека истиот политичар поднел тужба и против весникот „Данас“ за нанесување душевна болка.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk