ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бруно Ле Мер предлага 30 милијарди евра за еколошката транзиција на француската економија

July 26, 2020 15:57
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Планот за релансирање на економијата ќе биде зелен план, изјави министерот за економија на Франција Бруно Ле Мер за денешното издание на „Ле Журнал ди диманш“, дополнувајќи дека за тоа ќе бидат наменети 30 милијарди евра, јави дописникот на МИА.

– Триесет милијарди евра треба да се посветат на еколошката транзиција во рамките на планот за оправување, што како целина ќе обезбеди декарбонизација на економијата, изјави Бруно Ле Мер.

-Со (министерката за еколошка транзиција) Барбара Помпили, предлагаме да се одделат 30 милијарди евра од 100-те милијарди планирани за инвестиции во еколошка транзиција, рече тој.

-Ние ќе внимаваме на тоа сите одлуки за стимуланси да фаворизираат нов модел на раст заснован на декарбонизација, енергетска трезвеност и зелени иновации. Планот за обновување ќе биде зелен план, додаде тој.

Три сектори ќе бидат „приоритетни сектори: енергетско реновирање, транспортот и енергијата“, при што првиот ќе биде реновирање на приватни згради преку зголемување на кредитите од шемата на МаПримеРенов (Моја премија за реновација).

Планот на француската Влада за економско закрепнување, со 100 милијарди евра, ќе биде претставен на 24 август во Советот на министри.

Журнал ди диманш го праша министерот за економија дали намалувањето на емисиите на стакленички гасови поврзано со планот за обновување е измерено, на што министерот одговори:

-Имаме пад од 30 отсто во емисијата на CO2 во текот на десет години за нашата индустрија. Оваа траекторија засега е далеку од дофат. За да се исполни оваа цел, ние ќе им помогнеме на најзагадувачките индустриски места да ги намалат нивните емисии. Првиот список на овие најзагaдувачки фабрики ќе го имаме на крајот на август , вели тој.

Во однос на креирањето на работни места, преку зелениот план за закрепнување „на долгорочен план, ќе изнесува стотици илјади, уверува Бруно Ле Мер.

Според него, „за да се прифати еколошката транзиција од страна на сите Французи, таа мора да создаде работни места. Затоа, ќе се иницира процес на обука, така што изборите за нови индустриски сектори да се претворат во нови работни места “.

Контурите на стимулативниот план од 100 милијарди евра беа презентирани во средината на јули од страна на премиерот Жан Кастекс.

Next Post

Черних: Периодот на повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје е 500 години

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk