ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Битола отворена изложба „50 години традиција“ – Фестивал „Илинденски денови“

July 26, 2020 11:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Јубилејното издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ продолжи со изложба на фотографии „50 години традиција“ која синоќа беше отворена во НУ Центар за култура-Битола.

Публиката може да види 50 ретки фотографии кои се чуваат во документацискиот центар на таа национална установа и ги илустрираат почетоците на фестивалот од 1971 година до денес, фестивалски плакат и друг материјал од богатата фото архива.

-Традицијата е за да се негува, да нè надживува и да нè надрастува, а „Илинденски денови“ се традиција на Битола… што би била Битола ако не е побогата за фестивал запишан во дамарите на битолчани. Фестивалот „Илинденски денови“ е повеќе од тапани, зурли, играорци. Фестивалот „Илинденски денови“ е печат, заштитен знак со кој израснале генерации, истакна Маја Андоновска Илијевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Изложбата ја претстави м-р Валентин Соклевски, етнолог и координатор на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

-Овој фестивал е организам кој живее затоа што има срце, а срцето на овој фестивал се илјадници играорци, инструменталисти, пејачи, организатори, членови на друштва, стручни лица, истражувачи и други кои во овие 50 години учествувале на Фестивалот во Битола. Ова срце чука заедно со над 2,8 милиони посетители гледачи на овој фестивал, а сведоштво за тоа се поставените фотографии и плакат на изложбата „50 години традиција“, истакна Соклевски.

Според Соклевски изработката на една фотографија од фотографот е мајсторство за цела инспирација и емоции кои биле прикажувани на фестивалската сцена, а пред и зад сцената во Битола престојувале, биле познати фотографери уметници чии фотографии се дигитализирани.

-За да се научи едно оро, една песна…треба желба, време, срце и љубов. За да се создаде, зачува и надгради еден фестивал, требаат многу луѓе со големо срце и љубов кон орото и песната од родната грутка. Фестивалот „Илинденски денови“ е чедо на таквите луѓе, играорци, гајдаџии, зурлаџии, пејачи, стручни лица, публика…, рече меѓудругото Соклевски на синоќешното отворање на изложбата „50 години традиција“.

Во рамки на фестивалот вечер во битолскиот културен центар „Магаза“ ќе биде отворена изложба со наслов „1000 години Бигорски манастир“.

Next Post

Заев: Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk