ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хоспитализираните со Ковид-19 на Инфективна клиника добиваат и третман со физикална терапија

July 27, 2020 09:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби секој пациент добива третман соодветен на неговата здравствена состојба. Кај пациентите кои се хоспитализирани на клиниката освен терапиите против Ковид-19, неизоставен дел од лекувањето е и физикалната терапија која придонесува за подобрување на психофизичкото здравје и подобрување на функцијата на респираторниот систем, соопшти Министерството за здравство.

Физикалната терапија на пациентите кои се хоспитаизирани на Клиниката за инфективни болести поради Ковид- 19, како што се посочува, вообичаено се состои од два сегмента: физикална терапија за локомоторниот апарат и физикална терапија за респираторен систем или таканаречена респираторна гимнастика.

– Повеќе фактори влијаат врз одлуката со каков третман на физикална терапија ќе се пристапи кон пациентот. Според клиничката слика на локомоторниот апарат има три групи на пациенти – подвижни пациенти, тешко подвижни пациенти и неподвижни пациенти. Додека пак според оштетувањето на респираторниот систем предизвикано од Ковид-19, истите може да се поделат на лесно болни, средно болни и тешко болни. Согласно горенаведените поделби на пациентите и различните комбинации од клинички слики и оштетувања се комбинираат различни типови на вежби. Зависно од менувањето на состојбата на пациентот се менува и пристапот на физиотерапевтот кон пациентот, истакна Велимир Тричковски, физиотерапевт кој работи со пациентите со Ковид-19 хоспитализирани на Клиниката.

За да се постигне максимален ефект и да се оспособи пациентот за релативно нормално функционирање во домашни услови, како што се нагласува, интензитетот на вежбите за локомоторниот апарат последните денови од престојот на Клиниката, може да се зголеми по консултација со лекар.

Респираторната гимнастика (вежбите за дишење) се изведуваат за превентивни и тераписки цели. Кај пациентите со лесна клиничка слика се препорачува пациентите сами да ги изведуваат вежбите неколку пати во текот на денот со цел да се зајакне мускулатурата вклучена во процесот на дишење. Кај средно-тешките болни, респираторната гимнастика се изведува исклучиво под надзор на физиотерапевт за да се следи моменталната состојба на организмот (сатурација, пулс, притисок, број на респирации). Кај тешко болните пациенти коишто дишат со помош на маска за висока концентрација на кислород се советува длабоко и споро дишење, а кај пациентите кои се поставени на механичка вентилација вежбите за дишење не се изведуваат.

Поради непосредниот директен контакт физиотерапевт-пациент и создавањето на близина и чувство на сигурност, физикалната терапијата има голема улога во подобрување и одржување, како на физичкото така и на менталното здравје кај пациентите, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Next Post

Во текот на викендот во Грција регистрирани 116 шумски пожари

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk