ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поддршка за заштита на работничките права на нископлатените и неформални работници во време на корона криза

July 27, 2020 11:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Фондацијата Отворено општество – Македонија соопшти дека обезбедиле 255.000 долари поддршка за локалните ромски организации, организациите кои обезбедуваат бесплатна правна помош и организациите за заштита на човековите права, преку Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество.

-Справувањето со економските и социјалните последици предизвикани од здравствената криза ќе биде многу тешко и неизвесно во периодот што следува. Во изминатиов период проследивме сериозни прекршувања на работничките права и се соочивме со ситуација во која работниците ангажирани во неформалната економија останаа без приходи, се борат да преживеат и имаат многу тешкотии во остварувањето на правата што им следуваат со дел од владините антикризни мерки. Со оваа поддршка ќе се обезбеди ефикасна и навремена помош за голем број нископлатени и неформални работници, од кои најголем дел се жени, Роми и самохрани родители, за да добијат пристап до државните мерки за помош, неопходни за исполнување на основните животни потреби, и ќе се обезбеди заштитата на нивните работнички права, се наведува во соопштението.
Локалните ромски организации и организациите кои обезбедуваат бесплатна правна помош и
заштита на човековите права ќе обезбедат поддршка во вид на: итна административна и параправна помош за остварување на владините мерки за помош, бесплатна правна помош за проширување на обемот на корисниците и давање помош на работниците од формалната и неформалната економија кои ги загубиле работните места.
Ќе биде озбезбедна и правна помош и судско застапување во случај на повреда на работничките, социјалните и други права, и заедничко застапување пред институциите за брзо, ефикасно и еднакво обезбедување на кризните мерки и почитување на работничките права.
Од Фондацијата Отворено општество – Македонија, како што наведуваат, се залагаат за почитување на основните човекови права и за достоинство за сите граѓани подеднакво и продолжуваат и натаму брзо и флексибилно да реагираат на сите закани за отвореното општество.
Next Post

Германска донација од 152.000 евра за неколку болници во земјава

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk