ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Раст на стапката на вработеност кај жените, мажите сè уште побројни на работните места

Најмногу од вработените се на возраст од 35 до 39 години, а најголем процент на невработени се младите на возраст од 25 до 29 години.

July 27, 2020 09:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пораст на активното население во земјава се бележи во изминатиот период од 10 години. Статистиката покажува дека лани имало 964.014 работоспособни граѓани што е за 35.239 повеќе во споредба со 2009 година.

Најголем дел се вработени во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, земјоделството и градежништвото. Речиси во сите сектори во последните три години има зголемување на бројот на вработени, освен во земјоделството.

И понатаму мажите се побројни на работните места во споредба со жените, иако се бележи зголемување на стапката на вработеност и кај жените од 8,7 процентни поени. Државниот завод за статистика во публикацијата „Северна Македонија во бројки” објавува дека минатата година во земјава имало 477.437 вработени мажи во однос на 320.214 жени што значи дека за над 150 илјади е помал бројот на вработени жени во однос на мажите, иако во поглед на стекнатото образование, особено високото, процентуално на исто ниво се и мажите и жените.

Статистичките податоци покажуваат дека во земјава лани се евидентирани и 166.363 невработени лица од кои најбројни се оние кои долги години бараат работа. Такви се 78.388 лица. Сепак, оваа бројка е помала во однос на 2009 година кога имало 190.768 невработени лица кои подолго време барале работа.

– Стапката на долгорочно невработени лица во 2019 изнесува 13,1 проценти и во однос на
2009 година бележи намалување од 13,2 процентни поени, се наведува во публикацијата.

Најмногу од вработените се на возраст од 35 до 39 години, а најголем процент на невработени се младите на возраст од 25 до 29 години.

Next Post

Ураганот Хана го погоди брегот на Тексас, го урна ѕидот меѓу САД и Мексико

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk