БРОЈОТ на инфицирани со Ковид-19 надмина 10.000, моментно 4.199 активни случаи.
КРУШЕВО ги доби протоколите од Министерството за здравство и од Kомисијата за заразни болести за прославата на Илинден и на 117- годишнината на Илинденското востание.
ОД шумски пожари минатата година биле зафатени 10.661 хектар што е речиси десет пати повеќе од опожарените површини пред една деценија, а пошумени биле само 965 хектари.
ВО пресрет на средбата на лидерите од земјите од шест земји од Западниот Балкан в среда посветена на регионалната економска соработка, денеска ќе биде организрана онлајн дебата на која говорници ќе бидат извршниот потпретседател на Атлантскиот совет, Дејмон Вилсон и заменик претседавачот на Групата Олбрајт Стоунбриџ, Џим О’Брајан.
ФРОНТ: „Слобода или смрт за Македонија“ – се зборовите, над и под камата и револверот, кои се испишани на знамето што го носи војвотката Рашела, водејки ги ѓоамити комитите на МВРО на „традиционалниот“ коњички поход до Крушево. – пишува Петрит Сарачини.
ВО последните 24 часа во Босна и Херцеговина се пријавени 263 нови случаи со Ковид-19, што е околу педесет помалку од просекот оваа недела.
ВО Косово починаа уште осум лица од последици од коронавирусот, а регистрирани се уште 220 нови случаи.
УЧЕСНИЦИТЕ на ултра маратонот „Артерија на Арбр“ пристигнаа во Дебар.