Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се пријавени 263 нови случаи со Ковид-19, што е околу педесет помалку од просекот оваа недела.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се два смртни случаи.
Вкупниот број на заразени лица во БиХ од почетокот на епидемијата до сега е над 10.000, а 285 лица починаа поради здравствени компликации.