ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Асоцијација на архитекти: На местото на Универзална сала не може да се изгради поголем објект од постојниот

ААМ тврди дека предложиле новата Универзална сала, со бараните спецификации во конкурсот од 2013 година (објект од 23.000 м2), да се гради на друга соодветна локација. Како можна локација навеле простор во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, која е во непосредна близина на центарот на градот, содржи постојна инфраструктура и е во државна сопственост.

July 28, 2020 21:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Асоцијацијата на архитекти (ААМ) објави дека тие се за зачувување на Универзалната сала, а предлогот за нејзина „преселба“ го дале затоа што градот утврдил дека има потреба од поголема концертна сала.

Според нив, на сегашната локација не може да се изгради поголем објект од постојниот, како што барал Град Скопје.

„По скорешните написи во медиумите во врска со Универзална сала, сакаме да Ве информираме дека ААМ во Декември 2019 година беше контактирана од страна на Град Скопје за организирање на конкурс за нова Универзална сала со проширена програма кој соодветствува на програмата која ја имаше конкурсот од 2013 год. каде беше предвидена изградба на обејкт од 36.000 м², во согласност со постојниот Детален урбанистички план – ДУП Буњаковец 2. Од наша страна беше посочено дека на дадената локација објект со толку обемна програма е несоодветно да се постави, што најдобро се покажа токму со конкурсот од 2013 година. Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност. Од страна на Град Скопје бевме информирани дека средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект на Универзална сала нема. Добиените информации беа дека Град Скопје има утврдено дека Скопје има потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма“, стои во објавата на ААМ.

За асоцијацијата, она што останува како факт е дека постојниот објект на салата е во многу лоша состојба и не функционира повеќе од 5 години со што овој исклучително значаен јавен простор во центарот на градот не ги користи ресурсите на местото.

„Меѓутоа исто така е факт и дека објектот на Универзалната сала претставува идентитетски топоним во кој е вградено огромно количество од културниот седимент на градот кој е составен од бескрајната низата настани одржани во изминатите 50 години. Од причина што бевме информирани дека Градот нема средства за реконструкција на Универзална сала, предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање“, велат од ААМ.

ААМ тврди дека предложиле новата Универзална сала, со бараните спецификации во конкурсот од 2013 година (објект од 23.000 м2), да се гради на друга соодветна локација. Како можна локација навеле простор во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, која е во непосредна близина на центарот на градот, содржи постојна инфраструктура и е во државна сопственост.

Тие го повикуваат градот да ги презентира во јавноста сите наоди за овој објект, а доколку нема пари, повик упатуваат и кон Владата за да помогне во реконструкцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нова цена на струјата и можно укинување на евтината тарифа

НАЈНОВО

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Движење Слободни и независни: Ниту се фер, ниту се демократски локалните избори

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk