Од коронските ситуации за добра ноќ. Денес одам да земам брис за коронава. Пристигнувам на местото, ме дочекува жена, возраст нешто слично како мене.
– Добар ден, Денис, што се чувме, за брис за ХХ.
– Да, повелете, ве очекуваме. Влезете внатре, знаете каде.
Бидејќи ми е позната од претходно локацијата знам дека се работи за чичко кој не е во можност да се движи, речиси цело време е во количка. Влегувам, тој седнат на креветот и во очите како да му видов “аман веќе од ова коронава, ќе има ли крај?“
– Добар ден чиче, ајде да си земеме брисче.
На тоа жената која му е роднина ми вика – ама не зборува тој, знаете, говорот му е одземен…..
– Ако, велам, знам, ама тоа што не зборува не значи дека не заслужува едно добар ден.
Не значи дека не заслужува да си направиме муабет, тој ме слуша а мене не ми е воопшто тешко да одвојам минутка две плус и да поразговараме на еден друг необичен начин.
Во очите му видов радост. Си посакавме ова да е последна контрола. На момент како да сакаше да изусти нешто, се мачеше. Мислам знам што сакаше да каже. На излегување жената ме испрати со едно ФАЛА. Ама ова не беше обично фала, го почувствував тоа.
……
Зборот ми е, секој заслужува убав збор, без разлика дали ете има некој недостаток, некоја мака. И не само што заслужува туку верувам дека и го посакува. Затоа не ги штедете зборовите, немојте да настапувате со предрасуди (јасно ми е зошто жената така постапи, можеби имаат некое искуство) и немојте да мислите дека луѓето не слушаат.
Начини за слушање има илјада. Па и за зборување. Битно е почитувањето, прифаќањето, разбирањето.
Гуш и бац ❤️??